БЛОГ

Ученици од III 1 клас зедоа учество во проектот Children@GAME.EDU.NATO

Во рамки на националниот проект Children@GAME.EDU.NATO, одобрен и подрржан од страна на Северно-атлантската алијанса (НАТО пактот) а по повод одбележување на 70 годишнината од формирањето, учениците од III 1 клас од општествено-хуманистичкото подрачје и тоа Магдалена Ивановска, Тамара Тричковска, Габриела Христовска, Бојана Симовска , Невенка Василевска, Филип Ивановски, Гоце Аџиски  под менторство на професорот по латински јазик Билјана Ивановска учествува со есеи на тема ,, Што е НАТО,,

На 14.06.2019 година на свечен настан беа прогласени победниците на конкурсот од првата фаза на проектот.Ученичката Магдалена Ивановска ја доби наградата за најдобар есеј. Со тоа учениците се стекнаа со право за учество во следната фаза од проектот за месец септември.

На настанот беа прoмовирани книга, видеа и изложба од творбите на учениците. Во книгата место зазема и есејот на ученичката Магдалена Ивановска.

Дисеминација од настанот за меѓународна соработка преку Еразмус+ програмата

Нашето училиште за прв пат како дел од програмата Еразмус+, присуствуваше наТАС настан во Закопане, Полска по период од 08 до 11 мај. Претставник беше Лидија Таушански, професор по германски јазик. Настанот под наслов Дисеминација, експлоатација и одржливост на К2 проектите беше со цел да се пренесе знаењето од стручни лица како веќе сработените проекти да останат применливи и во иднина, на кој начин да ги мотивираме нашите ученици за настава и вметнувањена некои европски образовни програми во нашиот начин на предавање.

На ден 02.07.2019 година во нашето училиште се одржа работилница  на тема  „Техники на учење“  во склоп  на дисеминацијата на посетата на Полска, настан за меѓународна соработка  преку Еразмус+ програмата.  На работилницата беа присутни 40 професори од СОУ „М.М.Брицо“ кои активно учествуваа во сите техники при што акцент беше ставен на 5 техники за мотивирање на учениците  и употреба на смарт телефоните,  односно на ИКТ во наставата, како и поголемо интегрирање на еко стандардите и меѓуетничката интеграција во наставниот процес. На крајот на работилницата учесниците се здобија со благодарници за учество.

Текстот го подготви

Проф. по германски јазик  Лидија Таушански

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломпт на дебата со учениците од СОУ „М.М.Брицо“

На 23.05.2019 година како дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“, во посета на нашето училиште беше  Холандскиот амбасадор Ваутер Пломпт кој организираше дебата со учениците.

Кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“ има за цел да ја подигне свеста  кај младите за придобивките  од Европската Унија, патувајќи  по градовите низ земјата во кои ЕУ поддржува одредени активности.

Гостинот беше пречекан од директорот на училиштето Љупчо Прачкоски кој на високиот гостин му подари уметничка слика со мотив од старата делчевска архитектура.

Потоа амбасадорот ја започна дебатата со учениците на тема „Визијата на младите за Европската Унија“ .

Амбасадорот Пломп потоа  истакна дека е воодушевен од дебатата со учениците.
-Имавме дебата со фантастични ученици со кои дебатиравме скоро 2 часа. Дискутиравме за сите прашања за ЕУ за Северна Македонија, за Холандија, за ЛГБТ -заедницата за правни прашања. Тоа се прекрасни ученици во Делчево, потренцираше Пломп.

ВИДЕО ЛИНК ОД ДЕБАТАТА

Oдбележан Европскиот ден за Натура 2000

На 21.05.2019 година во   “Едукативниот центар за зачувување на природата” с.Негрево (Пехчево), 5 ученици од нашето училиште, заедно со ученици од Берово и Пехчево  зедоа учество во одбележувањет на Европскиот ден на Натура 2000.

Европскиот ден на  Натура 2000 е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Фармахем, Македонско еколошко друштво и Центарот за развој на источниот плански регион, како партнери на Програмата за зачувување на природата – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Во рамките на настанот, учениците изработуваа 3 тематски живеалишта кои се дел од биодиверзитетот на брегалничкото сливно подрачје, преку што се запознаа со значењето и потребата за нивна заштита.
Првото живеалиште претставуваше бара со растителниот и животинскиот свет во неа.

Второто живеалиште беше пештера во која престојува мечка.

И третото живеалиште беше камењар во кои живеат влечуги (змии, гуштери, желки и др.)

Овој настан учениците го искористија да го  разгледаат едукативниот центар кој изобилува со многу информации, слики и експонати на живиот свет од овој регион.

 

Преку презентации, професорите и наставниците од средните и основните училишта, како и претставниците на клучните заинтересирани страни беа запознати со процесот на воспоставување на Натура 2000 подрачја.

Исто така беа запознати и со целите и активностите на Натура 2000 како мрежа на Европската Унија за заштита на природата, која пред се има за цел да обезбеди зачувување на природните вредности од аспект на живеалишта, односно преку соодветна заштита на типовите на живеалишта да се обезбеди заштита и на севкупниот жив свет кој егзистира во нив.

На крајот настанот заврши со  природен коктел подготвен од хотел „Гогов“ на кој беше презентирана   вкусната малешевска храна.

КОНКУРС за запишување на ученици за учебната 2019/2020 година

Врз основа на К О Н К У Р С O T за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2019/2020  година во Република Северна Македонија,  Училишната комисија за запишување на ученици при СОУ „Методи Митевски   Брицо“ – Делчево, објавива

 

О Г Л А С

За запишување ученици во прва година  во учебната 2019/2020 година

 I . БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

Во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки според наставните планови и програми за:

 

    Гимназиско образование   – 170   ученици,   5 паралелки,   60 минимум поени

   Текстилно – кожарска струка – 68 ученици, 2 паралелки
– техничар за изработка на облека мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
– техничар за моделирање на облека мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
  Хемиско – технолошка струка – 34 ученици, 1 паралелка
– прехранбен техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени

 

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

 

Запишувањето на учениците во училиштето во учебната 2019/2020 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Конкурсот и интерниот oглас.

 

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот. Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

Условите за запишување на учениците се:

–    да имаат завршено основно образование;

–    да не се постари од 17 години;

–    да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:

а) гимназиско образование;

б) стручно образование и обука;

– да ги исполнуваат критериумите утврдени со  Конкурс и интерниот оглас и тоа за:

 

а) гимназиско образование;

б) стручно образование и обука;

 

а)  Гимназиско образование  со утврден минимум поени – 60 поени со кои ќе можат учениците да конкурираат за запишување во гимназиско образование во првиот уписен рок- прво пријавување со тоа што при самиот упис да се определат согласно своите афинитети, за соодветното подрачје и комбинација (А или Б) што ќе ја изучуваат во текот на нивното образование и тоа:

 

– природно – математичко подрачје (комбинација А),
– природно – математичко подрачје (комбинација Б),

– општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А),
– општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б),

– јазично – уметничко подрачје (комбинација А) и
– јазично – уметничко подрачје (комбинација Б).

 

б) Текстилно-кожарска струка

– техничар за изработка на облека 4 годишно траење со утврден минимум – 45 поени,

– техничар за моделирање на облека 4 годишно траење со утврден минимум – 45 поени,

Со кои ќе можат учениците да конкурираат за запишување во текстилно-кожарска струка во првиот уписен рок – прво пријавување.

 

в) Хемиско-технолошка струка

– прхранбен техничар 4 годишно траење со утврден минимум – 45 поени, со кои ќе можат учениците да конкурираат за запишување во хемиско-технолошка струка во првиот уписен рок – прво пријавување.

 

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.

 

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

–       пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

–       оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

–       дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

–       извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

 

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и еднопријавувања во месец јули.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 17 и 18 јуни 2019 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 19 јуни 2019 година.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни2019 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули2019 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 26 август 2019 година за што доставуваат доказна документација.

 

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

−    среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

−    среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

−    дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

−    средна вредност од поени добиени за поведение.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI доIX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.

Училиштата по првото пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување, односно третото пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма.Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 21 јуни 2019 година за второто пријавување, односно на 28 јуни 2019 година за третото пријавување.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

 

VI. ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРНИ ОГЛАСИ

Јавните средни училишта интерните огласи ги објавуваат на јавно место во училиштето најдоцна до 19 април 2019 година, во рамките на вкупниот број на ученици и паралелки утврдени со овој Оглас.

 

VII. ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ

Изборот и запишувањето на учениците се врши  согласно планот и програмата  за кој ученикот се определил  врз основа на вкупниот број  поени што се пресметуваат оделно за секој кандидат.

Вкупниот број на поени се утврдува според критериумите за избор утврдени во глава V од огласот.

При пријавувањето се препорачува  на учениците документите да не се праќаат по пошта. Пријавувањето се врши лично од ученикот односно родителот/старателот.

 

 

Во рамките на утврдениот број ученички места во огласот имаат право да се запишаат и учениците кои ја повторувале годината  со право да го задржат статусот на ученик за иста струка – вид на образование во училиштето.

ОБВРСКА НА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ЈА ПОВТОРУВАЛЕ ГОДИНАТА  СО ЗАВРШУВАЊЕТО НА НАСТАВНАТА ГОДИНА  Е ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК.

 

 

  П Р Е Г Л Е Д

          на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во

                       критериумите за рангирање на успехот на учениците

 

    1                        2                     3                        4
 

Ред.

бр.

 

 

С Т Р У К А

( вид на образование)

односно изборното подрачје

 

 

Наставни предмети кои

се задолжителни

 

 

Наставни предмети кои се  од значење за струката,

 

   1 Текстилно- кожарска  4г.т мајчин и странски јазик – хемија, математика
   2 Хемиско- технолошка 4г.т мајчин и странски јазик – хемија, математика
   3 Гимназиско образование:

 

-Природно – математичко подрачје (комбинација А)

-Природно – математичко подрачје (комбинација Б)

-Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А)

-Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б)

 

-Јазично – уметничко подрачје (комбинација А)

 

-Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б)

 

 

мајчин и странски јазик

Математика, Физика

 

Математика,Биологија

 

Математика,Историја

 

Математика,Историја

 

Математика,Историја

 

Математика,Историја

  

 

Училишна комисија за запишување
Претседател
Љупчо Прачкоски

Велигденска изложба 2019

По повод големиот верски  празник Велигден учениците од СОУ  „М.М.Брицо“ зедоа активно учество  во  манифестацијата  „Велигденска изложба“ која беше во организација на Општина Делчево и во соработка со образовните институции, локалната библиотека и здруженија на граѓани.
Со многу ентузијазам,  креативност и љубов кон традицијата тие изработија цртежи со велигденска содржина и декорираа велиденски јајца кои беа продавани, а парите беа наменети за хуманитарни цели.

  

  

  

 

 

Во Делчево по вторпат се реализира семинар на тема „Иновации, прогрес и дигитален свет“

На 17.04.2019 година се реализира семинар  на тема „Иновации, прогрес и дигитален свет“ на кој присуствуваат  околу 220 средносколци од источниот    регион: Берово, Пехчево,  Виница, Струмица, Македонска Каменица и Делчево.  Семинарот е организиран и финансиран од фондацијата „Бугарско сеќавање“ од Бугарија кој преставува само уште еден сегмент од многуте заеднички меѓугранични  соработки. На семинарот воведна говори одржаа: д-р  Милен  Врабевски – претседател на фондацијата, заменик министерот за образование на РС Македонија – Петар Атанасов и градоначалникот на Делчево – Горан Трајковски.

 

Целта на семинарот е учениците да добијат поголеми познавања од  полето на иновациите, напредните технологии и претприемништвото,  да се отворат нови видици и да се разбуди интересот за оваа сфера кај младите која ќе им биде неопходна за идните предизвици.

Семинарот опфати 3 теми: „Претприемништво на 21 век“  презентирана од   Борис Колев, „Роботи и иновации“ во која беа презентирани два роботи  и  ја образложи  Јасен Јорданов  и „Мини машини“  презентирана од  Михаил Стефанов.

 

  

Учениците можеа и дирекно да се запознаат со работата на 3Д принтерите.

Исто така значајна компонента од овој семинар е запознавањето и дружењето на учениците  од 6 градови од источниот регион кои учествуваат на семинарот.

Нека ни е честит 58 патронен празник

Денес нашето училиште го прослави  58 патронен  празник. Одбележувањето на патронот започна пред споменикот на Брицо во дворот на гимназијата, каде делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, директорот на училиштето Љупчо Прачковски, како и делегации од институции од Делчево се поклонија и положија свежо цвеќе.

  

  

Културно-уметничката програма по повод патрониот празник започна со интонирање на химната за Методи Митевски и обраќањето на директорот на училиштето Прачкоски Љупчо.

  

Потоа следуваше презентација за активностите и постигањата на училиштето во период од една година.

Културно-уметничката програма беше збогатена и со литературни творби, музички натапи, модна ревија, и настап на играорците од КУД Н.Ј.Вапцаров.

 

Во холот на училиштето гостите можеа да разгледаат ликовна изложба од ликовни творби на наши ученици.

  

Активностите за чествување на празникот завршија со пригоден коктел на кој гостите и домаќините  разменија мислења, идеи и планови за во иднина.

   

Учениците од М.М.Брицо и оваа година постигнаа одлични резултати на натпреварите

Натпреварите за оваа учебна година се уште се во тек. На регионалните натпревари  поголем број на ученици од нашето училиште се пласираа за  државените  натпревари а тоа се:

Верица Ѓеоргиева, Ангела Ефтимовска и Евгенија Пандова  по биологија , ментор Марина Синадиновски;
Милена Начовска  по биологија, ментор Милица Георгиева;
Михаела Маневска  по македонски јазик и  литература, ментор Весна Соколовска;
Евгенија Пандова  по германски  јазик, ментор Васка Пандова;
Трајковска Бојана и Гоцевска Моника по англиски јазик, ментор Дијана Атанасова.

Им посакуваме успеси.

 

Посета на цркви и манастири во Македонија

   Извештај

 од реализирана еднодневна екскурзија , теренско истражување – посета на цркви и манастири во Македонија

Учениците од нашето училиште од трета и четврта година од   општествено хуманистичко подрачје комбинација А кои изведуваат проектна активност по Историја на уметноста , организирани од  своите професори по Историја  во деновите 15  и 16 03.2019 година беа во посета на манастирите  Св. Гаврил Лесновски  во селото Лесново  во Пробиштипско, Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка  и црквите Св.Спас и Св Димитрија во Скопје.

При посетата учениците се запознаа со нивната важност и значење  за историјата  на македонскиот народ .