Денес, 25.09. 2023 година, волонтери од Црвен Крст ОО Делчево одржаа презентација пред учениците од трета година на тема Туберкулоза. Предавањето беше со цел подигнување на јавната свест за катастрофалните, здравствени, економски и социјални последици од ТБ и воедно да се интензивираат напорите за ставање крај на глобалната епидемија од ТБ.
Со промените во светот кои настанаа како резултат на пандемијата со Ковид-19, се комплицира следењето и третманот на многу болести. Туберкулозата како инфективно заболување што дава слични симптоми како и инфекцијата со Ковид-19, сепак се разликува од истата во тоа што има подолг период на инкубација и симптомите се развиваат побавно. За среќа постои ефективна вакцина против туберкулоза, што веќе се употребува долго време. Но и покрај добрата превенција туберкулозата сè уште не е отстранета и претставува дел од проблемите кои се јавуваат во сите здравствени системи, па и во нашиот.
ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА! ВРЕМЕ Е ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ТУБЕРКУЛОЗАТА.
Туберкулозата претставува заразно заболување предизвикано од бактеријата Mycobacterium tuberculosis и истото се пренесува аеро-капково а само неколку микроорганизми се потребни за да предизвикаат инфекција.