Втора група од 15 ученици на едукативна екскурзија во Бугарија

На 6 и 7 декември  втора  група од 15   ученици од нашето училиште беа поканети  од фондацијата „Бугарска Памет“ да ги посетат Благоевград и Софија. Тие заедно со учиеници и од општините Берово, Пехчево, Виница и Македонска Каменица ја реализираа едукативната  дводневна екскурзија.

Целта на посетата  е запознавање со можностите за соработка со фондацијата  засновани  на европските принципи и вредности, современите образовни потреби кои им се неопходни на младите за да можат да се носат со идните предизвици.

Првата станица на патувањето на учениците беше во Благоевград. Таму го посетија Регионалниот историски музеј и прошетаа по калдрмата на стариот град  „Вароша“.  Ја посетија и куќата-музиеј  на Георги Измирлиев-Македончето  која е дел од комплексот „Вароша“ и  црквата „Воведение Богородично“.  Потоа следуваше прошетка во центарат на градот, и ручек . По ручекот патувањето продолжи за Софија. Во Софија групата беше сместена во хотрлот „Феста“.

Утрешниот ден исто така имаше и едукативен и забавен карактер.  Денот започна со прекрасна презентација  од Моника Панајотова, заменик-министер во Министерството за бугарско претседателство на Советот на ЕУ во 2018 година, која им даде многу корисни информации за Европската унија и нејзините институции, како и резултатите од успешното бугарско евро-претседателство, чиј главен приоритет беше темата на европската перспектива поврзување на Западен Балкан.

 

  

По презентацијата учениците се  сретнаа и разговараа со д-р Милен Врабевски и тимот на фондацијата „Бугарска Памет“  за можностите за развој на кариера и нејзина  успешна реализација во иднина.

  

Оваа образовниот екскурзија е дел  од долгогодишната програма на Фондацијата “Бугарска меморија”, финансирана лично од д-р Врабевски за прекугранична соработка што дава позитивни резултати за развојот на добрите односи меѓу луѓето од двете страни на границата во името на нашата заедничка европска иднина .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *