Еднодневен камп за добредојде!

На 11.09.2019 година како дел од програмата на училиштето се реализира еднодневниот камп на планината Голак со учениците од прва година. Во настанот учество зедоа 110 ученици, 7 професори, директорот на училиштето, 1 професионален планинарски водич, 1 докторка и 2 полицајци. Целта на овој настан е учениците од прва година полесно да се адаптираат на новата средина и преку дружење да се запознаат меѓу себе со своите класни раководители и со наставниците. Тргнувањето беше организирано во 8 часот од пред училиштето, а во 8:30 учениците пристигнаа до спортските терени на

 Голак кои се наоѓаат на 1398 м.н.в. Првата точка од настанот беше планинарски марш во должина од 5  км. Пред почетокот на маршот предавање за планинарењето одржа лиценцираниот профенсионален планинарски водич Љупчо Чучуковски од Федерацијата на планинарски спорт на Македонија, каде даде упатства за правилно одвивање на активностите. Тој воедно беше и водач на маршот запознавајќи ги учениците со одредени географски топоними и културно-историски места низ коишто поминуваше маршутата. Планинарскиот марш почна од спортските терени(1398м.н.в) и продолжи кон манастирот Св. Панталејмон(1508 м.н.в) и преку врвот Мала Чавка(1512 м.н.в) кон Бун Чешма(1460 м.н.в), Ловечка Куќа(1455 м.н.в), Шумски пат(1500 м.н.в) се до Шумска вила (1400 м.н.в). По завршувањето на маршот и пристигнувањето во кампот (Шумска вила) каде беа обезбедени маси и клупи за сите учесници, започна културно-уметничката програм која се состоеше од повеќе точки збогатена со популарна забавна и народна музика.   Нашите млади спортисти и по планинарскиот марш имаа енергија и сила и за возбудлив кошаркарски натпревар. Кога се во прашање нашите спортисти издржливост, упорност и професионалност се епитетите кои ги отсликуваат нивните спортски вредности со што го и докажуваат на државните првенства по одделни спортови.         Младите уметници искористувајќи ги убавините на планината Голак ги покажаа своите уметнички вештини. Под менторство на проф. Борче Христовски беа направени вистински уметнички дела.           Со оро, забава, смеа и една вистинска хармонија заврши и вториот еднодневен камп кој имаше воспитно-едукативен и забавен карактер. За совршенството да биде на највисоко ниво се заслужни сите присутни на кампот, а најмногу нашите ученици кои се водилка на целокупното образование.      

 

8 Replies to “Еднодневен камп за добредојде!”

  1. Excellent goods from you, man. I have remember your stuff prior to and you are simply too great. I really like what you have obtained here, certainly like what you are stating and the way in which in which you are saying it. You are making it entertaining and you still care for to stay it smart. I can not wait to learn far more from you. That is really a tremendous web site.

Leave a Reply