Еднодневен камп на Голак со учениците од прва година

( ВИДЕО ПРИКАЗНА ЗА НАСТАНОТ)

На 06.09.2018 година како дел од програмата на училиштето  за прв пат се реализира еднодневен камп на планината Голак  со учениците од прва година кој имаше  воспитно-едукативен и забавен карактер. Во настанот зедоа учество  110 ученици, 7 професори, директорот на училиштето, 1 професионален планинарски водич, 1 докторка и 2 полицајци. Целта на овој настан е: учениците од прва година полесно да се адаптираат на новата средина  и преку дружење да се запознаат  меѓу себе, со своите класни раководители и со наставниците; да се запознавање со благодетите што ги нуди планината Голак и природата воопшто; преку културно-забавна програма да се согледаат  постигањата и афинитетите на учениците од повисоките класови кои во целост го реализираа забавниот дел од програмата и проширување на хоризонтите на класичната настава со нешто ново несекојдневно.

Тргнувањето беше организирано во 8 часот од пред училиштето, а во 8:30 учениците пристигнаа до спортските терени на Голак кои се наоѓаа на 1398 м.н.в.

Прва точка од настанот беше планинарски марш   во должина од 5 км. Пред почетокот на маршот  предавање за планинарењето одржа лиценцираниот планинарски водич Љупчо Чучуковски       од Федерацијата на планинарски спорт на Македонија, каде даде упатства и совети  на учениците за безбедно и правилно одвивање на активноста. Тој воедно беше и водич на маршот запознавајќи ги учениците со одредени географски топоними и културно-историски места низ кои што поминуваше маршрутата и им даваше совети на учениците за заштита на природата, исхраната во планина,опремата за планинарење и сл.   Пред тргнувањето сите ученици изведоа неколку вежби за загревање  со професорот  по спорт Димитровски Влатко.   Планинарскиот марш почна од спортските терени  (1398 м.н.в.)  и продолжи кон манастирот Св.Пантелејмон(1508 м.н.в.) и преку врвот Мала Чавка (1512 м.н.в.) кон Бун Чешма(1460 м.н.в.) , Ловечка Куќа(1455 м.н.в.), Шумски пат (1500 м.н.в.) се до Шумска вила (1400 м.н.в.).  Учениците покажаа голем интерес за планинарењето и желба да се вклучат и во други планинарски активности на планинарското друштво Голак  од Делчево.


По завршувањето на маршот и  пристигнувањето во кампот( Шумската вила)  каде беа обезбедени маси и клупи за сите ученици, започна културно-уметничката програма која се соостоеше од повеќе точки.

      

   

За  музиката беа задолжени диџеите  Слободанчо   и Давор,  ученици од IV година под менторство на професорот по музичка уметност Илиовски Слободан.  Тие целиот настан го збогатија со популарна музика, народна музика и македонски ора.

На настанот беше изведен рецитал од ученици од III година каде се рецитираше поезија од македонски поети под менторство на професорот по македонски јазик и литература Соколовка Весна.

Исто така беше  изведена музичка нумера од ученичка  од II година која со нејзината прекрасна изведба ги воодушеви сите присутни.

Од двајца  членови  на играорната  група беше изведено традиционално оро.

 

Група од 4 ученички од III  година цртаат  на тема екологија и направија 4 прекрасни цртежи  инспирирани од планината  и природата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Паралелно со овие настани течеа и спортските натпревари во мал фудбал и кошарка помеѓу класовите од I година.

 

 

Кампот  го посети и градоначалникот на општина Делчево и советникот за образование Новоселски Ванчо  кои ја поздравија идејата за изведување на вакви несекојдневни часови во природа кои излегуваат од рамките на класичната настава и го прошируваат хоризонтот на наставниот процес.

За сите учесници беше обезбеден заеднички ручек кој протече во пријатна атмосфера .

На крајот се поделија благодарници на сите инволвирани страни кои придонесат сето тоа де се реализира беспрекорно, а тоа се: Федерација на планински спорт  на Македонија – чии претставник беше Љупчо Чучуковски, Локалната самоуправа на град Делчево, Македонски шуми – подружница Голак, и претставници од бизнис заедницата на Делчево.
Заминувањето на учениците беше во 15:30 часот. Временските услови тој ден беа идеални (од 15 до 25 степени С)  за изведување на сите планирани активности.

Позитивното искуство од овој настан ќе биде мотивација да се продолжи со такви и слични активности и понатаму.

Професори кои беа дел од кампот: проф. по информатика – Јовевска Мара; проф. по хемија – Ана Среброва Цветковска; проф. по текстилни предмети Сузана Трендафилова; проф. по економија и менаџмент – Илија Лазаревски; проф. по филозофија Благојчо Георгиевски; проф. по споре Влатко Димитровски; проф. по музичка уметност  Слободанчо Илиовски; проф. по македонски јазик и литератута – Весна Соколовска; и директорот на училиштето Пачкоски Љупчо.

 

ЛИНК ОД ИЗЈАВИТЕ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ  НА НАСТАНОТ

ЛИНК ДО ГАЛЕРИЈА СО СЛИКИ ОД НАСТАНОТ

One Reply to “Еднодневен камп на Голак со учениците од прва година”

Leave a Reply