Средно општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ – Делчево.
Просторни услови за работа на училиштето
Образовни профили
Во рамките на училиштето денес функционираат гимназиско и стручно образование.
Во гимназиското образование се застапени следните подрачја:
- ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација А,
- ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација Б,
- ЈАЗИЧНО-УМЕТНИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација А,
- ОПШТЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација А,
- ОПШТЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација Б,
Во стручното образование се застапени следните струки:
- ТЕКСТИЛНО КОЖАРСКА СТРУКА – Образовен профил: КОНФЕКЦИСКИ ТЕХНИЧАР
- ХЕМИСКО ТЕХНОЛОШКА СТРУКА – Образовен профил: ПРЕХРАНБЕН ТЕХНИЧАР
Мисија
Средното општинско училиште ,,Методи Митевски Брицо,, е воспитно образовна институција со воспоставен систем на демократски вредности што се рефлектираат преку здрава, безбедна, дисциплинирана и стимулативна средина за учење во која се негува современа актуелна училишна култура и овозможува градење на младите луѓе во интелектуално емотивно социјално морално зрели личности достојни за почит во општеството.
Главните цели на училиштето се учениците да се здобијат со трајни и употребливи знаења, со креативни и практични вештини овозможувајќи им своите интереси и способности да ги применат во сите области на работата и животот.
Визија
Современо Европско училиште со јасно поставени стратешки цели за квалитет во образованието преку вклучување на научно технолошки постигнувањa, информатичка технологија, креативни методи и техники за активна настава иучење, тимска работа, партнерски однос со родителите и локалната заедница, изградени капацитети за децентрализирано образование. Светилник кој го осветлува патот до успехот на генерациите што доаѓаат за да го пронајдат заслуженото место под сонцето.
Општи податоци за училиштето
Име на училиштето | Средно општинско училиште „Методи Митевски Брицо“ |
адреса, општина, место | бул.ММБрицо бр. 35 2320 Делчево |
телефон и фах | 033/ 411-864 |
е-маил | mm_brico@hotmail.com |
Основано од | Општина Делчево |
Верификација- број на актот | 09-2460/1 од 15.05 2004 година гимназиско образование
11-2934/1 од 23.05.2006 текстилно- кожарска струка 11-2228/3 од 08.06.2011 хемиско – технолошка струка |
Јазик на кој се изведува наставата | Македонски јазик |
Тип на градба | Цврста градба |
Училиштето работи во смена | Една смена |
Начин на загревање на училиштето | со нафта |
Број на вработени(наставен и ненаставен кадар) | 69 |
Просторни услови за работа на училиштето
Вкупен број на училишни згради | 1 |
Училишен двор | 1 |
Број на подрачни училишта | / |
Број на спортски терени | 2 |
Број на катови | приземје +2 ката |
Број на училници | 26 училници, 1 кабинет по информатика, 2 текстилни работилници,1 лабораторија, 2 помошни простории за природните науки, |
Број на помошни простории | 5 канцеларии, 1 библиотека, 1 помошна просторија – кујна, 1 просторија за технички персонал, 22 санитарни тоалети, 2 спортски сали (мала и голема), 1 подрумска просторија, 1 котларница, отворени спортски терени и игралишта. |
One Reply to “ЗА НАС”
Comments are closed.