Современото опшество бара современ пристап и современи методи на учење. Информатичката технологија и Интернетот им обезбедува на учениците да користат разни извори на информации и да ги прошируваат своите знаења од разни области. Голема подршка во тие активности можат да им дадат нивните наставници кои ќе ги усмерат кон наоѓање на точни, проверени и соодветни информации. Ова страна ја има токму оваа цел: соработка на наставниците и учениците за постигнување на поголеми успеси. Оваа страна ќе преставува една интерактивна платформа на која наствниците ќе објавуваат корисни линкови и материјали кои им се потребни на учениците, а учениците ќе даваат сопствени коментари за нивното искуство и нивни предлози за линкови и материјали што тие ги користат. Предноста на таа платформа е тоа што таа ги надминува границите на едно училиште, односно на таа платформа можат да се приклучат и ученици и наставници од други училишта и тоа да прерасне во мрежа од платформи со што се зголемува соработката со други училишта, се збогатува информираноста и квалитетот на учење.