Информации

Владата на Република Северна Македонија на 15-та Седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот, по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, донесе одлука да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центри за ран детски развој, дневни центри, основни и средни училишта на територијата на Република Северна Македонија.

Согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средно образование за време на вонредна состојба донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија и насоките за нејзина примена добиени од Министерстовото за образование и наука, наставата во СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево за времетраењето на вонредната состојба ќе се организира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.

Министерстовото за образование и наука ги објави следните насоки за постапување кои ќе важат за времетраењето на вонредната состојба:

1. Наставата во средните училишта се организира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.

Средства за електронска комуникација се средства кои обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.

Средства за електронска комуникација можат да бидат видеоконференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.

Едукативни алатки кои можат да се користат, а се одобрени / предложени од Владата се:

    – Microsoft Teams – платформа со која можат да се споделуваат документи, презентации и сл.

    – Google Classroom – алатка за е-училница со која може да се врши подготовка, предавање, оценување, следење и анализирање.

    – Google Drive – бесплатен виртуелен простор за прикачување и чување на документи, тестови, распореди, презентации.

    – Edmodo – едукативна платформа за комуникација и размена на содржини меѓу наставниците и учениците, креирање тестови и квизови и сл.

Покрај наведените алатки, можат да се користат и други средства за електронска комуникација кои ќе обезбедат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.

    За периодот на организирање на наставата во средните училишта преку далечинско учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување научениците.
Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот.

Корисни линкови

Министерство за образование и наука

Edmodo

Google Classroom

Google Drive

Microsoft Teams