Конкурс за запишување ученици во СОУ„Методи Митевски – Брицо“- Делчево за учебната 2022/2023 година

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година во Република Северна Македонија, објавен од Министерството за образование, училишната комисија на СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево за запишување на ученици во учебната 2022/2023 година , го објави следниот:

КОНКУРС

 за упис на ученици во прва година

за учебната 2022/2023 година

I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ

Во I година ќе се запишат вкупно 195 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за

1.Гимназиско образование

  • 136 ученици, 4 паралелки, 60 поени минимум

2.Текстилно кожарска струка/ Текстил, кожа и слични производи

  • 25 ученици, 1 паралелка
  • образовен профил Техничар за изработка на облеката/ техничар за моделирање на облеката, 45 поени минимум

*соработка со компаниите ДОО, ФРОТИРКА – КОМПАНИ, ЛУКА – ТЕКС ДООЕЛ, Тренд Дизајн ДООЕЛ,ММЦ ПРОГРЕС ДООЕЛ

3.Хемиско-технолошка струка/ Хемија и технологија

  • 25 ученици, 1 паралелка
  • образовен профил Прехранбен техничар, 45 поени минимум

*соработка со компанијата Рудине ММ ДООЕЛ Скопје

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Првото пријавување на учениците ќе се врши на 14 јуни до 24.00 часот и на 15 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 16 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mkи на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 16 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 17 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 20 јуни 2022 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 20 јуни 2022 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 21 јуни до 24.00 часот и на 22 јуни 2022 година до 15:00 часот.  

Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mkи на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 23 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 24 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 27 јуни 2022 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 27 јуни 2022 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Третото пријавување на учениците ќе се врши на 28 јуни до 24.00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 10.00 до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг листаза секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзонапредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.

Пријавување на учениците ќе се врши на 22 август до 24.00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23август 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 23 август од 10.00 до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето ќе се објави на 24август 2022 година, најдоцна до 12.00 часо тна огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Интерен оглас СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчевo

Брошура за идните ученици