Конкурс за избор на првенец на генерацијата

Врз основа на чл. 56 од Закон за средно образование (Сл. Весник на РМ 67/2004) и чл. 130 од Статутот на СОУ „Методи Митевски Брицо “ Делчево, а на име истакнување, пофалување и наградување на учениците во текот на нивното образование, се распишува

КОНКУРС

ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2017-2021

Претседателот на комисијата за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерацијата и 10 најдобри ученици при СОУ „Методи Митевски Брицо “ Делчево, распишува конкурс за првенец на генерацијата и истиот ќе трае од 12.05.2021 до 18.05.2021. Потребните документи треба да се достават до класните раководители,  најдоцна до 13:00 часот на 18.05.2021.

Право на учество на конкурсот имаат сите редовни ученици од четврта година во учебната 2020/2021 година  при СОУ „Методи Митевски – Брицо“  – Делчево кои ги исполнуваат следните услови

  • Кандидатот да постигнувал среден успех 5,00 на крај на наставната година од прва, втора, трета и четврта година
  • Кандидадот да бил оценет со примерно поведение на крај на наставната година од прва, втора, трета и четврта година
  • Да учествувал на училишни, општински, регионални, државни и меѓународни натпревари и проекти.
  • Да не бил казнуван со педагошка мерка од секаков вид то текот на школувањето во училиштето
  • Во текот на школувањето во училиштето да покажал интерес за учество во активности, промоции и проекти за унапредување на училиштето

Комисијата за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерацијата и 10 најдобри ученици при СОУ „Методи Митевски Брицо “ Делчево ќе ги рангира сите пријавени кандидати според веќе утврдените критериуми во правилникот за истакнување, пофалување и наградување на учениците објавен на веб страната на училиштето, и најдоцна до 20.05.2021 ќе ги објави резултатите.

Според конкурсот е потребно кандидатите да достават

  • Добиени награди на ниво на училиште, од општински натпревари, регионални натпревари, државни натпревари, државни олимпијади и меѓународни натпревари
  • Потврди за учество во слободни ученички активности;
  • Признанија и благодарници;
  • Активности на ниво на ученички организации, детски организации, Црвен крст и друго.

Делчево, 11.05.2022

Претседател на комисијата Директор Љупчо Прачкоски