Меѓународен натпревар по латински јазик

Европското здружение на класични филолози, чиј член е здружението „ Антика“, секоја година го реализира Меѓународниот натпревар по латински јазик за учениците од средните училишта.Оваа учебна година натпреварот се реализира во две категории: Elex Ianua за учениците од IV година и Elex vestibulum за учениците од III година кои во II година го изучуваат латинскиот јазик како изборен предмет. На натпреварот учениците ги покажаа своите знаења за латинскиот јазик ,значаен за европската литература,наука и култура.

Следните ученици се здобија со награди:

1.Михаела Новоселска III-3 -златен медал

2.Ерика Стоименовска III-2 -златен медал

3.Милена Стојчевска III-5 -сребрен медал

4.Давид Поповски IV-5 -сребрен медал

5.Теодора Лазаревска IV-5 – сребрен медал

6.Фросина Јовановска III-2 -бронзен медал

7.Јована Мицевска III-4 – бронзен медал

Честитки до наградените ученици и нивниот ментор проф.Билјана Ивановска.