На 29.11.2019 год., СОУ М.М.-Брицо за прв пат учествуваше на меѓународен онлајн натпревар по англиски јазик, организиран од Best In English, https://bestinenglish.org/ под патронажа на Министерство за Образование на Република Чешка.
Натпреварот е наменет за ученици од средните училишта од 14 до 18 годишна возраст кои имаат стекнато високи познавања од англискиот јазик во своето редовно образование, односно Б2 до С1 ниво според CEFR.
За натпреварот, 20 ученици од втора до четврта година гимназиско образование, ја имаа можноста да се натпреваруваат со уште околу 16.600 врсници ширум светот, да ги проверат своите знаења од граматиката на англискиот јазик како и вештините за читање со разбирање и слушање. Од вкупно 117 бодови неколку ученици со 97,5% успешност на тестот а вкупниот просек неофицијално на сите ученици од училиштето е окoлу 72%.
Официјалните резултати од овој исклучително ефикасен натпревар ќе бидат познати до крајот на декември и почетокот на јануари 2020 год. Учениците беа задоволни од натпреварот и содржинските делови на тестовите а ќе имаат можности да пристапуваат кон материјалите во следните 6 месеци. Ние како училиште ќе може да ги користиме како ексклузивни ИКТ наставни материјали, изработени по метод на стандардизирани тестови за полаѓање на меѓународни испити по Кембриџ програмата.
Како училиште одговоривме на потребната техничка опременост со информатичка технологија и докажавме дека може да имплементираме комплексни материјали во функција на мотивираност на учениците како и на нивниот напредок.
Иницијатор за имплементација и одговорно лице за организација на натреварот во училиштето e професор Желеанка Демирова.