На 01.06.2022 во нашето училиште се одржа отворен ден за сите ученици од деветто одделение од двете основни училишта од градот, со цел да се запознаат со планот и програмата и активностите што ги реализира училиштето заедно со учениците и професорите. Нашите ученици и професори ги претставија струките кои ги нуди нашето училиште:
Текстилно -кожарска струка со образовен профил Техничар за изработка на облека/Техничар за моделирање на облека (дуална паралелка)
Хемиско -технолошка струка со образовен профил Прехранбен техничар (дуална паралелка) и
Гимназиско образование со
Општествено-хуманистичко подрачје
Природно-математичко подрачје и
Јазично-уметничко подрачје
Учениците кои ќе изберат да го продолжат своето образование во стручни профили ќе добиваат месечна стипендија.
Овој ден сите го поминавме во дружење за подобро запознавање преку разни креативни активности.Присутните ученици поставуваа прашања и се информираа за тоа кои предмети се изучуваат во секоја година, по колку часа неделно се застапени, како и за тоа кои воннаставни активности се организираат и реализираат.
https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/802839624018409