Преку селекцијата на најчесто создаваниот отпад во јавните институции, пластика и хартија, се поттикнува општествена одговорност на поединецот за неговото влијание врз зачувување на природата.
Преку намалување на емисијата на различни полутанти во животната средина ќе се придонесе за намалувањето на нејзиното загадување. Предуслов за постигнување на ваквата цел е отпадот да се селектира за да може да се рециклира или повторно да се употребува.
Преку проектот „Со селекција на отпадот до почиста животна средина“ се планира да се постигнат следните цели:
1. Да се подигне еколошката свест на учениците во образовните институции
2. Да се поттикнат учениците на општествено одговорни активности преку проширување на нивната активност на локалните институции
3. Да ги променат своите навики, од загадувачи да преминат во зачувувачи на животната средина
4. Да добијат економски бенефит
Со цел зачувување на чистиот амбиентален воздух од општината го искористија настанот за да ја најават акцијата за пошумување која ќе се реализира на 23 ноември 2019 година. На оваа акција учество ќе земат и нашите ученици со своите професори.