Размена на искуства и добри практики со училиштето “Цар Симеон Велики” од Софија

На 28.02.2019 година група вработени од нашето училиште беа во посета за размена на искуства и добри практики на Приватно средно училиште “Цар Симеон Велики” од Софија, што е прогласено за “Иновативно училиште” од Министерството за образование и наука на Бугарија и е Училиште амбасадор на Европскиот парламент. Оваа посета беше иницијализирана и финансирана од сопственикот на училиштето кој е и претседател на Фондацијата Бугарска Меморија д-р Милен Врабевски, и претставува уште една од многуте меѓугранични соработки на луѓето од двете страна на границата.

По пристигнувањето во училиштето групата од СОУ „ М.М.Брицо“: Митевска Вида, Соколова Весна, Мијалчова Даниела, Јовевска Мара, Цонева Дијана и Христов Борче беше срдечно пречекана од домаќините и според однапред приготвена агенда прво почнаа со разгледување на училиштето. Станува збор за иновативна, пространа петкатна зграда опремена за изведување на модерна настава.

   

На самиот почеток голем визуелен ефект им остави дизајнираните ѕидовии на училиниците и на ходниците со едукациски содржини.

   

   

   

Во слкоп н а училишната зграда се наоѓа и покриен базент за пливање, 2 големи милтифункционални спортски сали, 2 помала спортски сали и 2 отворени игралишта.

    

      

    

Кабинетите сe опремени со високи технологии и нагледни средства во служба на наставниот процес.

  

   

Вторaта точка од агендата беше посета на 3 отворени часа по Бугарски јазик , Информациски технологии и Применета уметност каде беше демонстрирано нови иновативни интерактивни методи и техники.
На часот по Бугарски јазик беше изведена една нова метода која се состоеше во тоа што на часот беа присутни 2 класа (6-ти и 10-ти клас), кои беа поделени во мешани групи и изведуваа една вежба – поправање на синтаксни грешки во даден текст со прецизно формулирање на правилото кои се применува во конкретниот случај. Потоа со помош на образовната дигитална платформа учествуваат во квиз натпревар и на крајот ги добија резултатите од натпреварот.

На часот по Информациски технологии беше изведена вежба за програмирање на дигитално животно кое требаше да извршува 4 функции. Учениците кориестеа образовна дигитална платформа и компјутери за изведување на вежбата. И на двата часа со учениците работеа и им помагаа 2 наставника.

Часот по Применета уметност беше со ученици од 3 клас и учениците требаше да изработат кукли со традиционални фолклорни обележја. Во оваа активност се вклучија и гостите од Делчево.

На средбата со колективот во канцеларијата за наставници гостите имаат можност да ги видат дневниците и како се води педагошката евиденција и да се запознаат со наставните планови . Во споредба со нашите наставни планови согледано е дека тамошните ученици учат повеќе предмети и имаа повеќе часови како неделен фонд. Покрај редовната настава и таму се изведуваат: проектни активности, дополнителна, додатна настава и слободни ученички активности.

Како последна активност беше присуство на една интерактивна образовна игра на која зедоа учество од сите класови, а беше замислена како квиз натпревар од Бугарската историја. На крај беа прогласени победници и поделени награди.

После завршувањето на точките од агендата следуваше интересен разговор со раководството на училиштето на кој гостите ги изнесоа сите впечатоци од сите изведени активности , разменувајќи знаења, добри практики, мислења и идеи. Со тоа ги поставија темелите за идната соработка меѓу двете училишта со вклучување на ученици и изработка на заеднички проекти.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *