Во Делчевската гимназија „Методи Митевски – Брицо“, во периодот од 10 до 16 април,се одржуваат активности од проектот „Супер училишта“ во чии рамки се реализира првата размена со училиштето „Средна стручна школа“ од Пирот, Р. Србија.
Овој проект е организиран од Регионалната канцеларија за соработка со младите (RYCO) и Германската организација за регионална соработка (GIZ), а во рамки на активностите од првата училишна размена ќе се реализираат серија обуки од повеќе области.
Професорката Желеанка Демирова, координатор во проектот истакна дека програмските теми за работа во рамки на првиот ден од активностите помеѓу двете училишта ќе бидат насочени кон културата и интеркултурализмот. Останатите теми се „Градење на мир“ и „Насилството и решавање на евентуалните конфликти“.
Покрај активностите кои се изведуваа во просториите на училиштето, учениците беа во посета на црква и џамија , ја посетија планината Голак, палеонтолошкиот локалитет кај село Стамер,КУД Гоце Делчев, неколку приватни фирми во нашиот град.
Активностите и дружбата ке продолжат за време на втората размена ,кога домаќини ќе бидат учениците во Пирот од 8 до 14 мај годинава.
Проектот е кофинансиран од Европската унија и Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ).