Реализација на наставата и работа со редуцирано присуство на вработените во училиштето

План за реализација на наставата и работа во услови на пандемија во СОУ „Методи Митевски – Брицо“ – Делчево  со редуцирано присуство на вработените во училиштето за учебната 2020/2021 година

  • Наставниот кадар наставата од далечина ќе ја изведува од дома и еден ден во училиште за средување на педагошка евиденција и документација.
  • Дел од наставниците, по нивно претходно изјаснување и барање, наставата од далечина ќе ја изведуваат од училиште секој работен ден или неколку работни денови во текот на работната седмица
  • Наставниците кои се изјасниле настават да ја спроведуваат од училиште, ќе бидат на работа во интервал од 07:30 до 13:30 часот.
  • Наставниците кои ќе доаѓаат еден ден во неделата ќе имаат и за обврска во тој временски период да ги внесат сите потребни податоци во педагошката евиденција и документација.
  • Наставата се одвива во една смена со почеток од 8:00 часот по претходно направениот распоред на часови
  • Секој наставник по завршувањето на часовите задолжително пополнува дневен извештај за одржани часови, број на присутни/отсутни ученици и други забелешки доколку има
  • Класните раководители навремено треба да информираат доколку во паралелката се регистрира случај на позитивен ученик на КОВИД 19
  • Секој наставник е должен навремено да го информира раководниот тим за било какви промени или проблеми