Организираната воспитно-образовна работа на учениците и на наставниците не би била целосна и успешна доколку не постои соработка на релацијата наставници–родители. Во рамките на оваа соработка, мошне успешно работи и Советот на родителите, кој најнепосредно и редовно се информира за сè што се случува во училиштето. Мислењето и ставовите на претставниците во Советот на родителите, како и нивните забелешки и сугестии, овозможуваат да се создадат подобри услови за живот и работа во училиштето.
С П И С О К
На преставници во Советот на родители на училиштето учеб.2023/2024 год.
Од I година
- Сашко Симоновски
- Даниела Николовска
Од II година
1. Анита Салтировска 2.
2. Магдалена Жежовска
Од III година
1. Тони Стоименовски
2. Лејла Анакиевска
Од IV година
- Лилјана Спасевска
- Јасминка Ќурчиска
На одржаните седници во текот на учебната година, се разгледуваат тековни работи потребни за функционирањето на училиштето, и тоа:
- Годишниот извештај за работењето на училиштето во претходна учебна година;
- Годишна програма за работата на Училиштето за тековна учебна година;
- Се бираат нови членови во Советот на родителите од I година;
- Се избира претседател на Советот на родителите;
- Се разгледуваат и одобруваат програмите за реализација на екскурзии за учениците;
- Се разгледува и анализира успехот на учениците во текот на класификационите периоди во учебната година и се прави споредбена анализа со минатите учебни години (прво тримесечје, полугодие, трето тримесечје и крај на учебна година);
- Се даваат предлог-мерки за надминување на констатирани слабости во успехот и редовноста на учениците;
- Се даваат информации и одобрувања за хуманитарни активности во училиштето.
- Се даваат информации за активности на училиштето за полагање државна матура.
Советот на родителите е вклучен и во работата на повеќето комисии во училиштето. Работата на Советот на родителите ја организира Педагогот на училиштето во соработка со Директорот на училиштето.
СОУ „ММ-Брицо„-Делчево
Д Е Л Ч Е В О