Денес во делчевската гимназија беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу средношколските воспитно образовни установи од Делчево, Берово и Кочани. Меморандумот го потпишаа Љупчо Прачкоски, директорот на СОУ „М.М.Брицо“, Сашко Корчовски, директор на СОУ „Ацо Русковски“ од Берово и Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани.
Потпишувањето на овој меморандум како што истакна Љупчо Прачкоски, директор на делчевската гимназија е само продолжување на претходната соработка помеѓу трите гимназии.
-Ова се гимназии со кои имаме долга соработка и еве денес и официјално ја потврдуваме на еден заеднички документ преку кој ќе можеме да ги зацврстиме нашите идеи и да ги преточиме во заеднички проекти во интерес пред се на самите ученици. Учениците се тие кои преку своите заеднички активности во иднина ќе придонесат да бидеме успешен пример, не само во источниот дел на Македонија туку и во цела држава, истакна Прачкоски.
За самите ученици со овој документ тие ќе имаат можност заеднички да соработуваат во повеќе области од воспитно-образовниот процес.
-Многу сме среќни и возбудени заради оваа соработка, бидејки имаме одлични идеи и ако се споиме како тим, ние децата од Делчево и Берово можеме да постигнеме многу“, рече Милена Глигорова од кочанската гимназија.
-Среќен сум што нашите училишта ќе соработуваат и притоа ќе имаме прилика да соработуваме бво многу проекти“, истакна Леонид Петровски од делчевската гимназија.
-Очекуваме големи проекти за размена на информации и знаења и големи награди кои заедно ќе ги добиеме, додаде Иван Стојановски од ОСУ „Ацо Русковски“ од Берово.
Во рамки на денешните активности гостите од Кочани и Берово имаа можност да поразговараат околу првите конкретни проекти кои би ги реализирале како дел од оваа заедничка соработка. Исто така се запознаа со културно-историските знаменитости на Делчево.