Машинскиoт факултет ги отвори вратите за средношколците кои сакаат да се запишат на овие студиски програми, за да им каже дека знаењата и контактите што студентите ќе ги добијат за време на студирањето на УГД ќе бидат неразделен дел од нивната иднина и ќе им помогнат да се реализираат на професионален и на приватен план. Професори и асистенти од техничките факултети споделија свои искуства, со цел на средношколците да им се долови сликата за овие професии и да им се помогне да го направат вистинскиот избор и да се запишат на некој од техничките факултети на УГД.
На настанот беа поканети и присуствуваа и претставници од нашето училиште и тоа 5 матуранти: Костадиновска Ангела, Лазаревска Настасија, Ангеловска Кристина, Стаменковска Маја и Милчевски Мирче и двајца професори: Георгиевски Сребран и Јанев Тони.
Пред средношколците беа презентирани студиските програми на трите факултети: Машински, Електротехнички и Техничко-Технолошки и условите и можностите за студирање на тие факултети.
Отворениот ден на техничките факултети предизвика интерес и од компаниите од оваа област кои препознаа можност да се промовираат себеси пред средношколците кои во иднина ќе бидат студенти, но и потенцијални кадри за нивните потреби. Обраќање пред присутните зедоа фирмите: „Руен-Инокс “ од Кочани, „Амфенол“ Кочани и „Дрекслер Мајер“ од Кавадарци. Тие при своето обраќање најавија дека заради нивните потреби од високостручен кадар од тие области ќе вработуваат дипломирани студенти од тие факултети.