СОУ „М.М.Брицо“ се збратимува со училиште од Словенија

 

 

На 25.01.2019 година група од 18 ученици од III година заминаа на 8 дневна посета на гимназијата  „Полјане“ од Љубљана – Словенија.   Целта на посетата  е збратимување на двете гимназии. Учениците ќе следат 7- дневна планирана програма, опфатено е учество во  редовната настава во училиштето на англиски и на словенечки јазик. Исто така, се планира и посета на културно-историски знаменитости од Љубљана и Словенија.  Нашата гимназија за прв пат ќе има мошност да реализира ваков вид на посета на образовен центар кој работи по европски терк. Се очекува  нашите ученици да се стекнат со нови искуства, пријателства и знаења и да  бидат амбасадори на нашето училиште, градот и државата.  Соработката меѓу двете училишта  продолжува во април оваа година кога е планирана  повратна посета при што ученици од гимназијата „Полјане“ ќе ја посетат нашата гимназија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *