Успешно реализиран кампот на иновации на Junior Achievement Македонија во соработка со УТМС

Junior Achievement Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје на 26 Ноември 2019 година го реализираа најголемиот средношколски натпревар за иновации – Камп на иновации – натпревар на средношколци во претприемнички вештини.

На натпреварот учествуваа 52 средношколци од 13 средни училишта од 10 градови од целата територија на земјата кои се натпреваруват со поддршка на 13 ментори на задача за изнаоѓање иновативен производ за поголемо користење на хотелско сместување.

Преку тимска работа на бизнис иновациска идеа и составување на бизнис план, со пристап до интернет и технологија, применувајќи претприемнички вештини средношколците создадоа одлични бизнис планови кои беа оценети од страна на жири комисија – претставници од академска и бизнис заедница. СОУ “Методи Митевски – Брицо” од Делчево имаше 4 ученици кои учествуваа на овој натпревар. Тие со своите тимови успешно се претставија со своите бизнис иновациски идеи.

Покрај средношколците, настанот го посетија професори, ментори, претставници од институции и од бизнис заедницата, како и претставник од УСАИД и Министерот за образование и наука, г-дин. Арбер Адеми.

Натпреварот е поддржан од Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, а го реализира организацијата Џуниор Ачивмент Македонија – член на светската мрежа Junior Achievement Worldwide, која е основана во 1919 година во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.