Учениците направија прекрасна разгледница од посетата на Словенија

Понеделник  (28.01.2019)

Првиот ден во училиштето домаќините ни организираа прием во училиштето и не запознаа со училиштето.

Истиот ден се одржа  предавање за географијата на Словенија спремено од страна на словенечките ученици и квиз  за нашите ученици со цел да ги видат нашите познавања за  Словенија.

После кратка пауза, се  одржа уште едно предавање за историјата на  Словенија и словенечкиот  јазик. На квизот нашите ученици покажаа одлични резултати.

Следуваше прием кај директорот на гимназијата Полјане, а од 13 до 14 часот имаше организиран ручек во училишната кантина. После ручекот словенечките  и македонските ученици поделени во неколку групи се прошетаа и ги посетија  поважните знаменитости во градот Љубљана.

 

 

Во 17 часот активностите завршија и заедно со домаќините  се упатија кон домовите.

 

 Вторник (29.01.19)

Пристигнување во училиштето во 8.00 и заминување на целодневна екскурзија со посета на Шкоцјанските јами, Пиран и Порторож. Враќање во Љубљана во 19.00. При посетата на Пиран домаќините ни раскажаа за историјата на градот и спомениците во самиот град. Потоа имавме слободно време од 1 час. По слободниот час се сретнавме во центарот на градот на плоштадот и со пешачење покрај брегот стигнавме во Порторож, и од таму се вративме во Љубљана.

 

  Среда (30.01.2019)

Пристигнување во училиштето  во 8 часот наутро и заминување за Соришка планина. Забава преку снежни игри (санкање и пешачење во снегот со специјални обувки).  На враќање посета на Блед и разгледување на градот и езерото. Враќање во Љубљана во 16:30 и заминување во домовите.

 

Четврток (31.01.2019)

Во четвртокот домаќините и гостите појадуваа традиционален словенечки доручок.

Доручокот беше составен од мед , маргарин , млеко и јаболко.

После доручокот гостите присуствуваа на настава. Гостите присуствуваа на час по Шпански , Словенечки , Математика , Хемија и други предмети.

Домаќините ги поканија гостите во салата за претстави да гледаат словенечки филм заедно.

После филмот домаќините и гостите заедно ручаа во училишната кантина. Потоа заедно учеа да танцуваат бечки валцер и полка.

 Петок (01.02.2019)

Доаѓање во школото во 8 часот. Агендата до 12 часот се состоеше од следните активности: посета на куќата на експерименти во Љубљана од 10-12 часот, поделба на групи и посета на градскиот музеј во Љубљана, Етнографскиот музеј, музејот на модерна уметност и националната галерија на Словенија.

Во 12 часот враќање во школото и подготовка на програмата за завршната приредба.

Од 15-17 часот завршна приредба. Приредбата се одража во салата на училиштето. На оваа приредба присуствуваа ученици, наставници, родители и други гости.

   

Нашите ученици и нивните домаќини најправо се претставија со химните на своите држави.Потоа и домакините и гостите се представија со своја програма (песни, игри, рецитации) и накрајот изведоа две заеднички композиции.

По завршувањето на програмата домаќините приредија коктел за учениците  и публиката.

Вечерта нашите ученици и нивните домаќини имаа заедничка забава.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *