Училишниот одбор е орган на управување во училиштето. Тој брои дванаесет члена: тројца претставници од основачот на училиштето – општина Делчево, тројца претставници од родителите на учениците, еден член од Министерството за образование и наука, еден член од Стопанска комора и четири претставници од наставниците. Училишниот одбор на училиштето:
- го донесува Статутот;
- ја донесува Годишната програма за работа и го усвојува извештајот за работа;
- распишува јавен оглас за именување на директор;
- предлага годишен финансиски план до Министерството, предлага завршна сметка;
- дава мислење во врска со приговор на наставник и стручен соработник за оценката на нивната работа;
- дава мислење за именување и разрешување на директорот;
- ја разгледува реализацијата на Годишната програма за работа;
- разгледува и други прашања утврдени со Статутот на училиштето;
С П И С О К
НА ПРЕТСТАВНИЦИ ВО УЧИЛИШНИОТ ОДБОР НА УЧИЛИШТЕТ
КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА /07.12.2017 ГОД./
- Од редот на наставниците:
- Марина Синадиновски- наставник по Биологија во училиштето
- Даниела Мијалчов-наставник по стручни предмети
- Весна Димитровска-наставник по Социологија и Граѓанско образование и-ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ
- Желеанка Демирова – наставник по Англиски јазик
- Од редот на локалната самоуправа
- Антонио Димитровски
- Гоце Стоиловски и-ПРЕТСЕДАТЕЛ
- Александра Петровска
- Од редот на родителите кои се од стариот состав
- Тони Иванов
- Валентина Даневска и
- Златан Величков
истите се именувани за периодот до завршувањето на средното образование на нивното дете.(Чл.88 став 8 од ЗСО-консолидиран текст)
- Преставник од Министерството за образование и наука на РМ
- Невенка Коларска
5.Преставник од Стопанска комора
– Галаба Стојковска –управител на Фротекс компани ДОOЕЛ Делчево
СОУ „ММ-БРИЦО„
Д Е Л Ч Е В О