Конкурс за запишување на ученици 2018/2019

Врз основа на КОНКУРСОТ за запишување  на ученици во јавните средни училишта во учебната 2018/2019 година во Република Македонија, Училишната комисија за запишување на ученици при СОУ „Методи Митевски Брицо“ Делчево, објавува ОГЛАС  за запишување на ученици во прва година во учебната 2018/2019 година. Огласот може да го видите на следниот ЛИНК.

 

 

 

Велигденската изложба

Општина Делчево во партнерство со училиштата, локалните институции и здруженија на граѓани, ја организира традиционалната манифестација посветена на големиот христијански празник Велигден на која ќе дојдат до израз креациите и умешноста за аранжирање и бојосување велигденски јајца, но и други творби на тема Велигден.

На празничната сцена со свои штандови и креации ќе учествуваат ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св.Климент Охридски“. СОУ „М М Брицо“, ОЈУДГ „Весели цветопви“, Дневниот центар за лица со псоебни потреби, ФГ „Копачка“, КУД „Гоце Делчев“, ЈЛБ „Илинден“, НУЦК „Никола Јонковс –Вапцаров“.

Учениците од прехранбената  струка при СОУ „М.М.Брицо“ учествуваат во манифестацијата со свој штанд од украсени јајца, под менторство на проф.Јадранка Атанасова.

       

    

Прво место за екипата на СОУ„М.М.Брицо“ во ракомет

На 04.04.2018 година се одржа регионален натпревар во ракомет меѓу гимназиите од Делчево, Виница и Качани. На натпреварот беа постигнати следните резултати:
Виница – Кочани      31:23
Делчево – Виница    24:22
Првопласираната екипа од Делчево продолжува на зонски натпревар кој ќе овозможи на првите 2 екипи да учествуваат на средношколските олимписки игри.   Честитки за победниците и успех во натамошните натпревари.

    

    

Подготовки за Велигден 2018

 

Општина Делчево во соработка со локалните училишта и други организации и поединци традиционално и оваа година ја  организира  манифестацијата   “Велигденски празнувања” за одбележување на големиот христијански празник Велигден. На манифестацијата покрај богатата културна програма  ќе се одржи и изложба на велигденски јајца која е со продажен карактер за хуманитарни цели.

Учество  на изложбата ќе земат и учениците од прехрамбената струка од нашето училиште. Тие започнаа со подготовките.

Второ место за Стефан и Иван

На 24.03.2018 година  во Благоевград во Р.Бугарија се одржа десетиот национален натпревар по информатички технологии. На натпреварот зедоа учество учениците: Димитровски Стефан  од 3 година и Даневски Иван од 4 година  во категоријата изработка на веб сајт, и го освоија II  место под менторство на Валентина Анастасова.

Ако сакате да го видите наградениот веб сајт кликнете ОВДЕ.