Сливијада 2018

Н а 21.09.2018 година  во Делчево се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се дегустираа и вкусните производи обогатени со сливи изложени на продажните штандови. Во манифестацијата учество зедоа и  учениците од СОУ „М.М. Брицо“  кои подготвија  ликовна колонија на тема „Пијанечка слива“ и штанд на кој се презентираа производи од слива изработени од прехрамбената струка  во училиштето.

Манифестацијата беше збогатена со настап на децата од детската градинка „Весели цветови“, играорците од ФГ „Никола Јонков Вапцаров“, од КУД „Вера Јоциќ“ од М. Каменица, од КУД „Гоце Делчев“, како и настап на пејачката група „Ѓурѓа“.

 

Рекреативна, културно-едукативна еднодневна екскурзија

ВИДЕО ПРИКАЗНА  ЗА НАСТАНОТ

На 20.09 .2018 година СОУ „М.М.Брицо“ реализира еднодневна екскурзија до манастирот Св.Илија, с.Звегор(на одалеченост од околу 4,5 км од Делчево) на која зедоа учество сите ученици и професори од училиштето. Целите на екскурзијата беа дружење и запознавање на учесниците  преку активности во природа: планинарење, играње на заборавени спортски игри во природа, и ликовни и музички активности. Исто така планинарскоит  водич Љупчо Чучуковски во дворот на манастирот Св.Илија на учениците им презентира  поставување на шатори, вреќи за спиење, облека и опрема за логорување, како и начин на логорување и престој во планина. Екскурзијата беше изведена со подршка од полицијата, локалната самоуправа на општина Делчево, и  ПСК ГОЛАК од Делчево.

Во спортскиот дел беа направени екипи за влечење на јаже и за скокање со јаже, а за  најдобрите  следуваше награда. –
Во ликовниот дел неколку талентирани ученици нацртаа прекрасни слики инспирирани од планината, природата, животната средина, екологијата.
Во музичкиот дел талентирани ученици се претставија со музички изведби. Исто така, за најдобрите следуваа награди.

Целиот настан беше исполнет со позитивна енергија што се рефлектираше врз насмеаните лица на учениците.   А тоа ќе биде мотивација да се продолжи со слични активности и во наредните години.

 

 

 

 

Линк до галеријата со слики

Промоција на првата средношколска он-лајн платформа

На 13-ти септември, 2018 година, во Скопје,  се одржа  конференција на која  се промовира првата он-лајн платформа за средношколско учество „Мој Глас“, изработена со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

На конференцијата зедоа учество и  тим од 4 ученици од нашето училиште: Стоиловски Иван, Таковска Даниела, Александра Петровска, Димитровска Михаела   и професорот по спорт Велков Ванчо.

„Мој Глас“ претставува интерактивна платформа, во форма на веб-страница и мобилна апликација која има за цел да ја зголеми комуникацијата помеѓу учениците и училишните служби, да придонесе кон пефикасно и поефективно носење на одлуки во рамки на училиштата и најважно од сѐ, да го зголеми учеството на средношколците во процесите на носење одлуки во нивните училишта, за прашања кои се од нивен интерес.

Користејќи ја платформата, училишните служби ќе ги консултираат учениците при носењето на одлуки кои нив ги засегаат и ќе ги известуваат за сите новости од една страна, но од друга страна учениците ќе имаат можност да доставуваат предлози и да пријавуваат проблеми до училишните служби, да доставуваат предлози до училиштето и да започнат петиција по прашања кои се од нивен интерес.

На конференцијата свое обраќање имаат: директорката на Проектот на УСАИД за граѓанско учество г-ѓа Ана Дракиќ, директорот на средното училиште „Георги Димитров“, г. Саша Стоименов, и извршниот директор на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), г. Иван Јованов, кои зборуваат за важноста од постоење на таква платформа, потенцијалот за развој на платформата, како и визијата за платформата за во иднина.

Доделени благодарници за соработка со бизнис заедницата од Делчево

Вклучувањето на бизнис заедницата во работата на училиштето е еден од главните елементи за постигнување подобри резултати на учениците, како и за поотворени и подемократски училишта.

Соработката на нашето училиште со бизнис заедницата на општина Делчево и оваа година продолжува и се продлабочува на повеќе полиња и активности. За таа цел училиштето додели благодарници  за успешна сорботка во острварувањето на планираните активности во училиштето на неколку фирми со кои остварува успешна соработка.

Тоа се фирмите:

·         КРЗНО ДООЕЛ,
·         НЕ-ФИ,
·         ПЕКАРА ЛУНА ГИФ,
·         МУЦИ ТРАНС  ДООЕЛ,
·         ШЕКИ ПРОМ,
·         РОМА ТРАНС ДООЕЛ,
·         БРЕГАЛ ДООЕЛ,
·         СТАМЕНКОВ КОМПАНИ,
·         ИЗВОР КОМИТ.

 

 

На пекарата Луна Гиф покрај благодарницата им беа  поклонети престилки сошиени од учениците од кожарско-текстилната струка.

Еднодневен камп на Голак со учениците од прва година

( ВИДЕО ПРИКАЗНА ЗА НАСТАНОТ)

На 06.09.2018 година како дел од програмата на училиштето  за прв пат се реализира еднодневен камп на планината Голак  со учениците од прва година кој имаше  воспитно-едукативен и забавен карактер. Во настанот зедоа учество  110 ученици, 7 професори, директорот на училиштето, 1 професионален планинарски водич, 1 докторка и 2 полицајци. Целта на овој настан е: учениците од прва година полесно да се адаптираат на новата средина  и преку дружење да се запознаат  меѓу себе, со своите класни раководители и со наставниците; да се запознавање со благодетите што ги нуди планината Голак и природата воопшто; преку културно-забавна програма да се согледаат  постигањата и афинитетите на учениците од повисоките класови кои во целост го реализираа забавниот дел од програмата и проширување на хоризонтите на класичната настава со нешто ново несекојдневно.

Тргнувањето беше организирано во 8 часот од пред училиштето, а во 8:30 учениците пристигнаа до спортските терени на Голак кои се наоѓаа на 1398 м.н.в.

Прва точка од настанот беше планинарски марш   во должина од 5 км. Пред почетокот на маршот  предавање за планинарењето одржа лиценцираниот планинарски водич Љупчо Чучуковски       од Федерацијата на планинарски спорт на Македонија, каде даде упатства и совети  на учениците за безбедно и правилно одвивање на активноста. Тој воедно беше и водич на маршот запознавајќи ги учениците со одредени географски топоними и културно-историски места низ кои што поминуваше маршрутата и им даваше совети на учениците за заштита на природата, исхраната во планина,опремата за планинарење и сл.   Пред тргнувањето сите ученици изведоа неколку вежби за загревање  со професорот  по спорт Димитровски Влатко.   Планинарскиот марш почна од спортските терени  (1398 м.н.в.)  и продолжи кон манастирот Св.Пантелејмон(1508 м.н.в.) и преку врвот Мала Чавка (1512 м.н.в.) кон Бун Чешма(1460 м.н.в.) , Ловечка Куќа(1455 м.н.в.), Шумски пат (1500 м.н.в.) се до Шумска вила (1400 м.н.в.).  Учениците покажаа голем интерес за планинарењето и желба да се вклучат и во други планинарски активности на планинарското друштво Голак  од Делчево.


По завршувањето на маршот и  пристигнувањето во кампот( Шумската вила)  каде беа обезбедени маси и клупи за сите ученици, започна културно-уметничката програма која се соостоеше од повеќе точки.

      

   

За  музиката беа задолжени диџеите  Слободанчо   и Давор,  ученици од IV година под менторство на професорот по музичка уметност Илиовски Слободан.  Тие целиот настан го збогатија со популарна музика, народна музика и македонски ора.

На настанот беше изведен рецитал од ученици од III година каде се рецитираше поезија од македонски поети под менторство на професорот по македонски јазик и литература Соколовка Весна.

Исто така беше  изведена музичка нумера од ученичка  од II година која со нејзината прекрасна изведба ги воодушеви сите присутни.

Од двајца  членови  на играорната  група беше изведено традиционално оро.

 

Група од 4 ученички од III  година цртаат  на тема екологија и направија 4 прекрасни цртежи  инспирирани од планината  и природата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Паралелно со овие настани течеа и спортските натпревари во мал фудбал и кошарка помеѓу класовите од I година.

 

 

Кампот  го посети и градоначалникот на општина Делчево и советникот за образование Новоселски Ванчо  кои ја поздравија идејата за изведување на вакви несекојдневни часови во природа кои излегуваат од рамките на класичната настава и го прошируваат хоризонтот на наставниот процес.

За сите учесници беше обезбеден заеднички ручек кој протече во пријатна атмосфера .

На крајот се поделија благодарници на сите инволвирани страни кои придонесат сето тоа де се реализира беспрекорно, а тоа се: Федерација на планински спорт  на Македонија – чии претставник беше Љупчо Чучуковски, Локалната самоуправа на град Делчево, Македонски шуми – подружница Голак, и претставници од бизнис заедницата на Делчево.
Заминувањето на учениците беше во 15:30 часот. Временските услови тој ден беа идеални (од 15 до 25 степени С)  за изведување на сите планирани активности.

Позитивното искуство од овој настан ќе биде мотивација да се продолжи со такви и слични активности и понатаму.

Професори кои беа дел од кампот: проф. по информатика – Јовевска Мара; проф. по хемија – Ана Среброва Цветковска; проф. по текстилни предмети Сузана Трендафилова; проф. по економија и менаџмент – Илија Лазаревски; проф. по филозофија Благојчо Георгиевски; проф. по споре Влатко Димитровски; проф. по музичка уметност  Слободанчо Илиовски; проф. по македонски јазик и литератута – Весна Соколовска; и директорот на училиштето Пачкоски Љупчо.

 

ЛИНК ОД ИЗЈАВИТЕ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ  НА НАСТАНОТ

ЛИНК ДО ГАЛЕРИЈА СО СЛИКИ ОД НАСТАНОТ