Промоција на првата средношколска он-лајн платформа

На 13-ти септември, 2018 година, во Скопје,  се одржа  конференција на која  се промовира првата он-лајн платформа за средношколско учество „Мој Глас“, изработена со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

На конференцијата зедоа учество и  тим од 4 ученици од нашето училиште: Стоиловски Иван, Таковска Даниела, Александра Петровска, Димитровска Михаела   и професорот по спорт Велков Ванчо.

„Мој Глас“ претставува интерактивна платформа, во форма на веб-страница и мобилна апликација која има за цел да ја зголеми комуникацијата помеѓу учениците и училишните служби, да придонесе кон пефикасно и поефективно носење на одлуки во рамки на училиштата и најважно од сѐ, да го зголеми учеството на средношколците во процесите на носење одлуки во нивните училишта, за прашања кои се од нивен интерес.

Користејќи ја платформата, училишните служби ќе ги консултираат учениците при носењето на одлуки кои нив ги засегаат и ќе ги известуваат за сите новости од една страна, но од друга страна учениците ќе имаат можност да доставуваат предлози и да пријавуваат проблеми до училишните служби, да доставуваат предлози до училиштето и да започнат петиција по прашања кои се од нивен интерес.

На конференцијата свое обраќање имаат: директорката на Проектот на УСАИД за граѓанско учество г-ѓа Ана Дракиќ, директорот на средното училиште „Георги Димитров“, г. Саша Стоименов, и извршниот директор на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), г. Иван Јованов, кои зборуваат за важноста од постоење на таква платформа, потенцијалот за развој на платформата, како и визијата за платформата за во иднина.