Еднодневна научна екскурзија до Скопје

На ден 20.10.2018г. беше избедена еднодневна научна  екскурзија на релација Делчево-Скопје-Делчево.  На екскурзијата зедоа учество ученици заслужни за презентација на училиштето во период 2017/2018г. од областа на ликовната уметност, музичката уметност, драмската секција,  прехранбената струка и модната ревија од текстилната струка при СОУ,,Методи Митевски-Брицо,,-Делчево, под менторство на професорот по ликовна уметност Христов Борче и професорот по музичка уметност Илиовски Слободан.

Тргнувањето беше навремено во 07.00 ч. пред училишниот двор.Превозното средство автобус за 55 патника беше уредно и комфортно како и технички добро подготвено. Пристигнувањето во градот Скопје беше навремено со првична посета на мега продавниците за спортска опрема сместени на Качанички пат и спортската салата ,,Борис Трајковски,, во Скопје.

Во период од 12.00ч. до 13.00ч.беше посетен Археолошкиот музеј на Македонија кој беше разгледуван и презентиран со помош на  професионален водич вработен во истоимениот музеј.

По посетата на музејот учениците се упатија кон Македонскиот Народен Театар каде во 13.15ч. бевме пречекани од менаџер од театарот кој ни ги презентираше најзначајните историски факти за театарот во минатото и денес.

Беше разгледан комплетно целиот театар како и ликовната изложба на карикатури и историски експонати кои беа поставени во фоајето на вториот кат од театарот.Во период од 14.00ч.-17.00ч.учениците имаа слободни активности во центарот на градот.

Во 17.20ч.навремено се упативме од Скопје кон Делчево при што беше направена попатна пауза на бензинската станица пред градот Штип.Пристигнувањето во Делчево беше во вечерните часови при што учениците го искажаа своето задоволство од реализираната еднодневна екскурзија.

Учениците од III-2 клас во посета на метеоролошката станица во Виница

На 16.10.2018 година како дел од програмата на училиштето за учебната 2018-2019 година, се реализира  воннаставна активност на тема „Следење, мерење и прогноза на време“   со учениците од III-2 клас под менторство на наставникот по географија –Георгиевски Сребран.  Активностите беа реализирани во метеополошката станица во Виница.  Во исто време, со предходен договор, во метеоролошката станица пристигнаа   и ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани и сите активности ги следеа заедно.

  

Беа презентирани расположливите капацитети  на мерните инструменти, апарати и уреди кои се користат за мерење на климатско-метеоролошките појави за регионот на Кочанската котлина и пошироко. Презентацијата ја изврши  дипломиран метеоролог- вработен во метеоролошката станица. Учениците пројавија голем интерес кан презентацијата и зедоа активно учество со поставување на бројни прашања, за кои добија и стручни одговори од презентерот.

  

   

По завршената посета  двете групи ученици заедно со своите професори се упатија  во планирана и договорена посета на  СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани.  Таму беа почестени со срдечно и топло добредојде од страна на директорот на училиштето Игор Христов – дипломиран правник и направија кратка прошетка низ училишните простории.

Потоа учениците и од двете училишта одржаа заеднички отворен час на кој дискутираа за реализираната посета на метеоролошката станица  и позитивните ефекти од заедното учество  на ученици од различни градови  на иста активност. Посетата беше заокружена и со заедничка прошетка низ градот Кочани по што учениците се вратија во Делчево.

12 Ученици од нашето училиште беа дел од едукативната екскурзија во Бугарија

На 18 и 19 октомври група   ученици од нашето училиште беа поканети  од фондацијата „Бугарска Памет“ да ги посетат Благоевград и Софија. Тие заедно со учиеници и од општините Берово, Пехчево, Виница и Македонска Каменица ја реализираа едукативната екскурзија. Сите трошоци за екскурзијата беа покриени од фондацијата.

Фондацијата „Бугарска Памет“ е непрофитабилна организација чија мисија е да подржува и промовира иницијативи во духот на демократските вредности  на Европската Унија – плурализам, толерантност, солидарност. Посебен акцент е ставен на образовните иницијативи и современото образование за да можат младите да се вклучат во европскиот пазар на труд.

Целта на посетата  е запознавање со можностите за соработка со фондацијата  засновани  на европските принципи и вредности, современите образовни потреби кои им се неопходни на младите за да можат да се носат со идните предизвици.

 

 

Првата станица на патувањето на учениците беше во Благоевград. Таму го посетија Регионалниот историски музеј и прошетаа по калдрмата на стариот град  „Вароша“.  Ја посетија и куќата-музиеј  на Георги Измирлиев-Македончето  која е дел од комплексот „Вароша“ и  црквата „Воведение Богородично“.  Потоа следуваше прошетка во центарат на градот, и ручек во ресторантот „Ларж“. По ручекот патувањето продолжи за Софија, каде последните часови од денот беа искористени за посета на молот „Бугарија“.

Во Софија групата беше сместена во хотрлот „Феста“.

   

Утрешниот ден исто така имаше и едукативен и забавен карактер.  Денот започна со прекрасна презентација  на тема „Европска унија“ која ја организираше  Младинската група „Европа“ , а презентер беше Јорданка Тодорова. Таа  им раскажа како е создадена Европската унија, каква е нејзината структура, како функционира, каква улога играат нејзините главни институции, кое е нејзиното значење за земјите-членки на ЕУ и нивните граѓани и какви можности за развој им нуди. Во текот на презентацијата имаше мотивирачки квиз во кој најактивните ученици добија награди.


По презентацијата учениците се  сретнаа и разговараа со д-р Милен Врабевски и тимот на фондацијата „Бугарска Памет“  за можностите за развој на кариера и нејзина  успешна реализација во иднина.  Докторот  ги покани учениците  на XXIII есенски семинар на Фондацијата “Бугарска меморија” на тема “Претприемништвото и висока технологија” што ќе се одржи во Делчево, на 16 ноември по иницијатива и со средства на Фондацијата.

По инспиративните утрински активности, учениците  се упатија кон центарот на Софија, каде што го разгледаа централното подрачје  на главниот град. Потоа околу 17 часот групате ја напушти Софија и замина за Делчево.

Оваа образовниот екскурзија е дел  од долгогодишната програма на Фондацијата “Бугарска Памет”, финансирана лично од д-р Врабевски за прекугранична соработка што дава позитивни резултати за развојот на добрите односи меѓу луѓето од двете страни на границата во името на нашата заедничка европска иднина .

5 Октомври – Светскиот ден на учителите

Денес се одбележува светскиот  ден на учителот. Да бидеш учител значи да ја работиш најблагородната работа на цел свет. Учителите се огледало на општеството. Секој возрасен се сеќава на неколку учители кои оставиле длабока трага во неговиот живот и кога зборува за нив му затреперува срцето.Учителот е личноста која описменува, дава збор во рацете како најмоќно оружје со кое се обезбедува иднината. Да бидеш учител значи да бидеш полн со знаење, разбирање, отвореност, креативност, љубов… Да бидеш учител значи  да работиш со најдрагите, со најискрените, со учениците .Да бидеш учител значи да го измениш животот на своите ученици, да оставиш трага која ни времето не може да ја избрише, да почитуваш, да бидеш почитуван.Да откриваш таленти , да помагаш ,да бидеш втор родител.

Во нивна чест, во името на сите учители секоја година се празнува 5 октомври-Светски ден на учителите. Цел на овој ден е да се мобилизира поддршка на учителите и да се осигура дека потребите на идните генерации ќе продолжат да бидат исполнувани. Светскиот ден на учителите претставува значаен симбол на свеста, разбирањето и вреднувањето на виталниот придонес што учителите го даваат за едукацијата и развојот.