Проект – Здрава храна ( Gesunde Ernährung)

Проектот Здрава храна  под менторство на професор Лидија Таушански, професор по германски јазик заедно со учениците од 4 година што го изучуваат германскиот јазик, беше подготвуван околу 3 недели а во училиштето Методи Митевски Брицо беше презентиран на ден 14.12.2018година.

До идејата за овој проект дојдовме со цел да се промени начинот на исхрана на учениците  и на професорите од нашето училиште. Од причина што брзата храна е се позастапена и поупотребувана од учениците, решивме да дадеме предлог како тоа да се промени и учениците да почнат да користат поздрави продукти не само од здравствени причини туку и за подобрување на нивната општа состојба.

Користевме 5 вида на овошје,како и сушено овошје, житарици со млеко и јогурт, јаткасти плодови, чај и кафе без шекер. За сето тое е направено истражување околу цената, и е направен проект со анализа на сите негови делови. Храната се продаваше по симболични цени на нашите ученици од 10, 20, 30 и 40денари. Со прометот од произвидите во целост е покриена сметката за набавка на продуктите.

 

Се надеваме дека во иднина овој проект ќе прерасне во пракса и овие продукти ќе ни бидат секојдневно достапни. Благодарност до сите што помогнаа за неговата реализација.

  Лидија Таушански

Учениците од текстилната струка ја покажаа својата креативност

Учениците од текстилната струка, по повод новогодишните и божиќните празници ја покажаа својата креативност и умешност. Тие заедно со своите наставници  по текстилните предмети дизајнираа прекрасен новогодишен модел кој е поставен во влезниот хол на училиштето . Со тоа придонесоа за збогатување на новогодишниот амбиент во училиштето.

   

За збогатување на празничната атмосвера се погрижија и членовите на училишната заедница кои ја накитија новогодишната елка која е поставена во холот на првиот кат.

Втора група од 15 ученици на едукативна екскурзија во Бугарија

На 6 и 7 декември  втора  група од 15   ученици од нашето училиште беа поканети  од фондацијата „Бугарска Памет“ да ги посетат Благоевград и Софија. Тие заедно со учиеници и од општините Берово, Пехчево, Виница и Македонска Каменица ја реализираа едукативната  дводневна екскурзија.

Целта на посетата  е запознавање со можностите за соработка со фондацијата  засновани  на европските принципи и вредности, современите образовни потреби кои им се неопходни на младите за да можат да се носат со идните предизвици.

Првата станица на патувањето на учениците беше во Благоевград. Таму го посетија Регионалниот историски музеј и прошетаа по калдрмата на стариот град  „Вароша“.  Ја посетија и куќата-музиеј  на Георги Измирлиев-Македончето  која е дел од комплексот „Вароша“ и  црквата „Воведение Богородично“.  Потоа следуваше прошетка во центарат на градот, и ручек . По ручекот патувањето продолжи за Софија. Во Софија групата беше сместена во хотрлот „Феста“.

Утрешниот ден исто така имаше и едукативен и забавен карактер.  Денот започна со прекрасна презентација  од Моника Панајотова, заменик-министер во Министерството за бугарско претседателство на Советот на ЕУ во 2018 година, која им даде многу корисни информации за Европската унија и нејзините институции, како и резултатите од успешното бугарско евро-претседателство, чиј главен приоритет беше темата на европската перспектива поврзување на Западен Балкан.

 

  

По презентацијата учениците се  сретнаа и разговараа со д-р Милен Врабевски и тимот на фондацијата „Бугарска Памет“  за можностите за развој на кариера и нејзина  успешна реализација во иднина.

  

Оваа образовниот екскурзија е дел  од долгогодишната програма на Фондацијата “Бугарска меморија”, финансирана лично од д-р Врабевски за прекугранична соработка што дава позитивни резултати за развојот на добрите односи меѓу луѓето од двете страни на границата во името на нашата заедничка европска иднина .

Посета на индустрискиот комплекс „Рудине“

Како дел од програмата на училиштето на 04.12.2018 година учениците од хемиско –технолошката струка го посетија индустрискиот комплекс   „Рудине“ од  Делчево.  Целта на посетата беше учениците детално да се запознаат со неколку процеси на производство на храна кои се дел од производството на „Рудине“.

Прво го посетија погонот за производство на сирење и кашкавал и се запознаа со целиот процес на нивното производство: прочистување на млекото, пастеризација, подесување на температурата за подсирување, додавање на чиста култура од млечно кисели бактерии и додавање на калциум хлорид. Потоа процесот продолжува со обработување на згрутчената маса, пресување, солење се до зреењето н а сирењето и  кашкавалот кое се изведува  во просторија под одредена температура и влага на воздухот.

Ја посетија и лабораторијата за анализа на млекото пред да се одпочне со производство.

Потоа го посетија и погонот за чување и обработка на овошје и зеленчук , нивно смрзнување и конзервирање.

Соработката на училиштето со  бизнис заедницата од Делчево  е ставена во функција за постигање на подобри резултати на учениците  и таа постојано се проширува со нови активности.

   

    

   

    

ѓ    

     

Обука за наставници на тема „Настава и учење во 21 век“

На 01.12.2018 година во СОУ„М.М.Брицо“-  Делчево се одржа обука за наставници  на тама „Настава и учење на 21 век, создавање на иновативни училишта: подготвување на учениците за 21-от век“. На обуката зедоа учество наставниците од 4 средни училишта од источниот регион: Берово, Виница, Македонска Каменица и Делчево.  Обуката се реализира по иницијатива на БРО, а во реализација на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

Целите на обуката се:
– Развивање на иновативниот потенцијал и претприемачкиот дух кај учениците преку обука на наставниот кадар,
– Зајакнување на кариерното советување на учениците како одговорност на секој поединечен наставник,
– Вклучување на компетенциите за доживотно учење во секојдневниот образовен процес на сите нивоа и во секоја област.