2020 ДА БИДЕ ПОЛНА СО НАСМЕВКИ

Декември е периодот кога почнува новогодишната магија, сите ги украсуваме домовите, ги китиме елките, купуваме подароци и пакетчиња, а тоа особено ги радува децата. Новата Година е празник кој го спојува семејството, ги спојува пријателите, носи многу радост, забава, како и желби и амбиции за новата година.

Дали сте се запрашале, зошто китиме елка?

Според една руска бајка, кога се родил Христос, една ѕвезда на небото ги водела мудреците од исток, покажувајќи им го патот до пештерата во која се наоѓала Богородица со Христос. Над пештерата во која е роден Христос растеле три дрвја – бор, кедар и елка. Над нив се послала светлината кога се родил Христос, па посакале и тие нешто да подарат. Кедарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале иглички преполни со преубав мирис. Борот ги подарил најубавите шишарки. А елката почнала да плаче, бидејќи немала ниту шишарки, ниту мирслива арома. Солзите на елката ги видела ѕвездата и се сожалила.Поради нејзината голема желба и таа да го дарува раѓањето на Христос, не дозволила таа да остане тажна во ноќта. И пратила една мала ѕвезда која се нашла на врвот од елката. Тогаш ѕвездата силно засветила и поклонувајќи се длабоко, ја спуштила ѕвездата пред пештерата каде што лежел Христос. Затоа денес на врвот на новогодишната елка се става ѕвезда, како знак на љубовта.

Честитката – заборавен новогодишен обичај


Времето кога пред Нова година поштарите со полни торби честитки крстосуваа по градските улици, а децата со нетрпение низ замаглените прозорци ѕиркаа кога ќе дојде нивниот поштар за да им ги врачи честитките што им ги испратиле нивните најблиски соученици и пријатели неповратно заврши, а новогодишната честитка се претвори во заборавена новогодишна навика.

Да се сака, да се почитува и да му се помогне на ближниот, а и на сите луѓе е поентата на славењето на Новата Година и Божиќ, празник на светлината, добрината и мирот. Нека овој празник не инспирира да бидеме несебични во дарувањето на чувства, љубов, пријателство и заедништво.

Новата година да биде ваш мотив за менување на насоките кон подобро, посветеноста, ставовите, верата, силата и фокусот. Заложете се и креирајте ја најдобрата Нова Година во вашиот живот! Новата година е како празна книга, а пенкалото е во вашите раце. Тоа е шанса да ја напишете најубавата приказна за себе.

Новата 2020 Година нека биде година на уште поголеми наши и ваши успеси.

СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА!!!