Успеси на спортистите од СОУ „М.М.Брицо“ на ГИМНАЗИЈАДА – ТЕТОВО 2018

Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција. На натпреварувањето учествува околу 1000 средношколци од 56 екипи од средните училишта во државата. “Гимназијада Тетово 2018” е одлична можност за социјализација на младите, но и можност за покажување на индивидуалните и колективните спортски квалитети.

 

Во рамките на оваа Гимназијада учество зема и  нашето училиште со 2 екипи:

  1. Ракомет-машки      под менторство на проф. Јанев Тони
  2. Ракомет – женски под менторство на проф. Велковски Ванчо

при што ги постигнаа следните резултати:

резултати :  Ракомет- машки

резултати :  Ракомет- машки

Прво место за екипата на СОУ„М.М.Брицо“ во ракомет

На 04.04.2018 година се одржа регионален натпревар во ракомет меѓу гимназиите од Делчево, Виница и Качани. На натпреварот беа постигнати следните резултати:
Виница – Кочани      31:23
Делчево – Виница    24:22
Првопласираната екипа од Делчево продолжува на зонски натпревар кој ќе овозможи на првите 2 екипи да учествуваат на средношколските олимписки игри.   Честитки за победниците и успех во натамошните натпревари.

    

    

Второ место за Стефан и Иван

На 24.03.2018 година  во Благоевград во Р.Бугарија се одржа десетиот национален натпревар по информатички технологии. На натпреварот зедоа учество учениците: Димитровски Стефан  од 3 година и Даневски Иван од 4 година  во категоријата изработка на веб сајт, и го освоија II  место под менторство на Валентина Анастасова.

Ако сакате да го видите наградениот веб сајт кликнете ОВДЕ.

    

      

Регионален натпревар по математика

На 17.02.2018 година во СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш се одржа регионалниот натпревар по математика. Во него зедоа учество учениците од средните училишта од следните градови: Струмица, Штип, Радовиш, Кочани, Делчево, Берово, М.Каменица и Виница. Ученици од нашето училиште ги освоиа  следните награди:

  • 3 награда   Никола Орлов од II година  со менторот Анастасова Валентина и
  • 3 награда Иван Даневски од IV година со менторот Постоловска Весна

Честитки за наградите