Прво место за екипата на СОУ„М.М.Брицо“ во ракомет

На 04.04.2018 година се одржа регионален натпревар во ракомет меѓу гимназиите од Делчево, Виница и Качани. На натпреварот беа постигнати следните резултати:
Виница – Кочани      31:23
Делчево – Виница    24:22
Првопласираната екипа од Делчево продолжува на зонски натпревар кој ќе овозможи на првите 2 екипи да учествуваат на средношколските олимписки игри.   Честитки за победниците и успех во натамошните натпревари.

    

    

Подготовки за Велигден 2018

 

Општина Делчево во соработка со локалните училишта и други организации и поединци традиционално и оваа година ја  организира  манифестацијата   “Велигденски празнувања” за одбележување на големиот христијански празник Велигден. На манифестацијата покрај богатата културна програма  ќе се одржи и изложба на велигденски јајца која е со продажен карактер за хуманитарни цели.

Учество  на изложбата ќе земат и учениците од прехрамбената струка од нашето училиште. Тие започнаа со подготовките.

Работилница на тема „Дебата“

Во склоп на работните задачи, деновите  се одржа работилница од страна на училишниот социолог –  Илиевска Наташа на тема „ Дебата – оспособување на учениците за дебатирање“.  Работилницата беше реализирана во 3 работни денови со вкупно 6 часа. Учество зедоа 13 ученици. Првиот ден се реализираше обуката за дебатирање, вториот ден учениците се подготвуваат за дебата а третиот ден дебатираа на теми по нивен избор. Работилницата имаше и натпреварувачки карактер па победничкиот тим доби скромни награди. Во иднина се планираат и други слични работилници во кои ќе бидат вклучени повеќе ученици.

    

СОУ „М.М.БРИЦО“ во посета на отворениот ден на машинскиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип

Машинскиoт факултет ги отвори вратите за средношколците кои сакаат да се запишат на овие студиски програми, за да им каже дека знаењата и контактите што студентите ќе ги добијат за време на студирањето на УГД ќе бидат неразделен дел од нивната иднина и ќе им помогнат да се реализираат на професионален и на приватен план.  Професори и асистенти од техничките факултети споделија свои искуства, со цел на средношколците да им се долови сликата за овие професии и да им се помогне да го направат вистинскиот избор и да се запишат на некој од техничките факултети на УГД.

 

На настанот беа поканети и присуствуваа и претставници од нашето училиште и тоа 5 матуранти: Костадиновска Ангела, Лазаревска Настасија, Ангеловска Кристина, Стаменковска Маја и Милчевски Мирче и двајца професори: Георгиевски Сребран и Јанев Тони.

 

Пред средношколците беа презентирани студиските програми на трите факултети: Машински, Електротехнички и Техничко-Технолошки и условите и можностите за студирање на тие факултети.

 

 

Отворениот ден на техничките факултети предизвика интерес и од компаниите од оваа област кои препознаа можност да се промовираат себеси пред средношколците кои во иднина ќе бидат студенти, но и потенцијални кадри за нивните потреби. Обраќање пред присутните зедоа фирмите: „Руен-Инокс “ од Кочани, „Амфенол“ Кочани и „Дрекслер Мајер“ од Кавадарци. Тие при своето обраќање најавија дека заради нивните потреби од високостручен кадар од тие области ќе вработуваат дипломирани студенти од тие факултети.

Спортски ден 2018

Денес 17.03.2018  година,  СОУ „М.М.Брицо“  по предлог на училишната заедница организираше спортски ден под мотото „Сите во спортска опрема, сите спортуваме“, со цел промовирање на здравјето и физичката активност, рекреација и заедничко дружење.  Учениците заедно со наставниците и дригите вработени во училиштето ја поминаа пешачката патека помеѓу Делчево и с.Звегор во должина од 4400 м. Учество во настанот зедоа околу 300 учесници со што целите  на настанот беа постигнати.

                     

                           

Се реализира програмата „Младински локални иницијативи“ во Делчево

Група од 10 ученици од СОУ „М.М.Брицо“ ја следат програмата за локален активизам „Младински локални иницијативи“ реализирана од здружението „Младите можат“. Целта на проектот е да ги мотивира младите да учествуваат во остварувањето позитивни промени заедно со локалната власт, промоција на младинскиот активизам како и стекнување на вештини за личен и професионален развој.

Програмата се состои од  2 фази:
• Градење на капацитети на учесниците (целодневни обуки на 01-ви и 02-ри март )
• Имплементација на локални иницијативи (март-мај 2018 година)

Преку учество во овој проект, учениците имаат шанса да развијат вештини, стекнат ново искуство, запознаат претставници од локалната власт, да влијаете на начините на носење одлуки и да бидете идната генерација на млади агенти коишто ќе го направат светот подобро место за живеење.

previous arrow
next arrow
PlayPause
Shadow
Slider