Учениците од III-2 клас во посета на метеоролошката станица во Виница

На 16.10.2018 година како дел од програмата на училиштето за учебната 2018-2019 година, се реализира  воннаставна активност на тема „Следење, мерење и прогноза на време“   со учениците од III-2 клас под менторство на наставникот по географија –Георгиевски Сребран.  Активностите беа реализирани во метеополошката станица во Виница.  Во исто време, со предходен договор, во метеоролошката станица пристигнаа   и ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани и сите активности ги следеа заедно.

  

Беа презентирани расположливите капацитети  на мерните инструменти, апарати и уреди кои се користат за мерење на климатско-метеоролошките појави за регионот на Кочанската котлина и пошироко. Презентацијата ја изврши  дипломиран метеоролог- вработен во метеоролошката станица. Учениците пројавија голем интерес кан презентацијата и зедоа активно учество со поставување на бројни прашања, за кои добија и стручни одговори од презентерот.

  

   

По завршената посета  двете групи ученици заедно со своите професори се упатија  во планирана и договорена посета на  СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани.  Таму беа почестени со срдечно и топло добредојде од страна на директорот на училиштето Игор Христов – дипломиран правник и направија кратка прошетка низ училишните простории.

Потоа учениците и од двете училишта одржаа заеднички отворен час на кој дискутираа за реализираната посета на метеоролошката станица  и позитивните ефекти од заедното учество  на ученици од различни градови  на иста активност. Посетата беше заокружена и со заедничка прошетка низ градот Кочани по што учениците се вратија во Делчево.

12 Ученици од нашето училиште беа дел од едукативната екскурзија во Бугарија

На 18 и 19 октомври група   ученици од нашето училиште беа поканети  од фондацијата „Бугарска Памет“ да ги посетат Благоевград и Софија. Тие заедно со учиеници и од општините Берово, Пехчево, Виница и Македонска Каменица ја реализираа едукативната екскурзија. Сите трошоци за екскурзијата беа покриени од фондацијата.

Фондацијата „Бугарска Памет“ е непрофитабилна организација чија мисија е да подржува и промовира иницијативи во духот на демократските вредности  на Европската Унија – плурализам, толерантност, солидарност. Посебен акцент е ставен на образовните иницијативи и современото образование за да можат младите да се вклучат во европскиот пазар на труд.

Целта на посетата  е запознавање со можностите за соработка со фондацијата  засновани  на европските принципи и вредности, современите образовни потреби кои им се неопходни на младите за да можат да се носат со идните предизвици.

 

 

Првата станица на патувањето на учениците беше во Благоевград. Таму го посетија Регионалниот историски музеј и прошетаа по калдрмата на стариот град  „Вароша“.  Ја посетија и куќата-музиеј  на Георги Измирлиев-Македончето  која е дел од комплексот „Вароша“ и  црквата „Воведение Богородично“.  Потоа следуваше прошетка во центарат на градот, и ручек во ресторантот „Ларж“. По ручекот патувањето продолжи за Софија, каде последните часови од денот беа искористени за посета на молот „Бугарија“.

Во Софија групата беше сместена во хотрлот „Феста“.

   

Утрешниот ден исто така имаше и едукативен и забавен карактер.  Денот започна со прекрасна презентација  на тема „Европска унија“ која ја организираше  Младинската група „Европа“ , а презентер беше Јорданка Тодорова. Таа  им раскажа како е создадена Европската унија, каква е нејзината структура, како функционира, каква улога играат нејзините главни институции, кое е нејзиното значење за земјите-членки на ЕУ и нивните граѓани и какви можности за развој им нуди. Во текот на презентацијата имаше мотивирачки квиз во кој најактивните ученици добија награди.


По презентацијата учениците се  сретнаа и разговараа со д-р Милен Врабевски и тимот на фондацијата „Бугарска Памет“  за можностите за развој на кариера и нејзина  успешна реализација во иднина.  Докторот  ги покани учениците  на XXIII есенски семинар на Фондацијата “Бугарска меморија” на тема “Претприемништвото и висока технологија” што ќе се одржи во Делчево, на 16 ноември по иницијатива и со средства на Фондацијата.

По инспиративните утрински активности, учениците  се упатија кон центарот на Софија, каде што го разгледаа централното подрачје  на главниот град. Потоа околу 17 часот групате ја напушти Софија и замина за Делчево.

Оваа образовниот екскурзија е дел  од долгогодишната програма на Фондацијата “Бугарска Памет”, финансирана лично од д-р Врабевски за прекугранична соработка што дава позитивни резултати за развојот на добрите односи меѓу луѓето од двете страни на границата во името на нашата заедничка европска иднина .

5 Октомври – Светскиот ден на учителите

Денес се одбележува светскиот  ден на учителот. Да бидеш учител значи да ја работиш најблагородната работа на цел свет. Учителите се огледало на општеството. Секој возрасен се сеќава на неколку учители кои оставиле длабока трага во неговиот живот и кога зборува за нив му затреперува срцето.Учителот е личноста која описменува, дава збор во рацете како најмоќно оружје со кое се обезбедува иднината. Да бидеш учител значи да бидеш полн со знаење, разбирање, отвореност, креативност, љубов… Да бидеш учител значи  да работиш со најдрагите, со најискрените, со учениците .Да бидеш учител значи да го измениш животот на своите ученици, да оставиш трага која ни времето не може да ја избрише, да почитуваш, да бидеш почитуван.Да откриваш таленти , да помагаш ,да бидеш втор родител.

Во нивна чест, во името на сите учители секоја година се празнува 5 октомври-Светски ден на учителите. Цел на овој ден е да се мобилизира поддршка на учителите и да се осигура дека потребите на идните генерации ќе продолжат да бидат исполнувани. Светскиот ден на учителите претставува значаен симбол на свеста, разбирањето и вреднувањето на виталниот придонес што учителите го даваат за едукацијата и развојот.

Сливијада 2018

Н а 21.09.2018 година  во Делчево се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се дегустираа и вкусните производи обогатени со сливи изложени на продажните штандови. Во манифестацијата учество зедоа и  учениците од СОУ „М.М. Брицо“  кои подготвија  ликовна колонија на тема „Пијанечка слива“ и штанд на кој се презентираа производи од слива изработени од прехрамбената струка  во училиштето.

Манифестацијата беше збогатена со настап на децата од детската градинка „Весели цветови“, играорците од ФГ „Никола Јонков Вапцаров“, од КУД „Вера Јоциќ“ од М. Каменица, од КУД „Гоце Делчев“, како и настап на пејачката група „Ѓурѓа“.

 

Рекреативна, културно-едукативна еднодневна екскурзија

ВИДЕО ПРИКАЗНА  ЗА НАСТАНОТ

На 20.09 .2018 година СОУ „М.М.Брицо“ реализира еднодневна екскурзија до манастирот Св.Илија, с.Звегор(на одалеченост од околу 4,5 км од Делчево) на која зедоа учество сите ученици и професори од училиштето. Целите на екскурзијата беа дружење и запознавање на учесниците  преку активности во природа: планинарење, играње на заборавени спортски игри во природа, и ликовни и музички активности. Исто така планинарскоит  водич Љупчо Чучуковски во дворот на манастирот Св.Илија на учениците им презентира  поставување на шатори, вреќи за спиење, облека и опрема за логорување, како и начин на логорување и престој во планина. Екскурзијата беше изведена со подршка од полицијата, локалната самоуправа на општина Делчево, и  ПСК ГОЛАК од Делчево.

Во спортскиот дел беа направени екипи за влечење на јаже и за скокање со јаже, а за  најдобрите  следуваше награда. –
Во ликовниот дел неколку талентирани ученици нацртаа прекрасни слики инспирирани од планината, природата, животната средина, екологијата.
Во музичкиот дел талентирани ученици се претставија со музички изведби. Исто така, за најдобрите следуваа награди.

Целиот настан беше исполнет со позитивна енергија што се рефлектираше врз насмеаните лица на учениците.   А тоа ќе биде мотивација да се продолжи со слични активности и во наредните години.

 

 

 

 

Линк до галеријата со слики

Промоција на првата средношколска он-лајн платформа

На 13-ти септември, 2018 година, во Скопје,  се одржа  конференција на која  се промовира првата он-лајн платформа за средношколско учество „Мој Глас“, изработена со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

На конференцијата зедоа учество и  тим од 4 ученици од нашето училиште: Стоиловски Иван, Таковска Даниела, Александра Петровска, Димитровска Михаела   и професорот по спорт Велков Ванчо.

„Мој Глас“ претставува интерактивна платформа, во форма на веб-страница и мобилна апликација која има за цел да ја зголеми комуникацијата помеѓу учениците и училишните служби, да придонесе кон пефикасно и поефективно носење на одлуки во рамки на училиштата и најважно од сѐ, да го зголеми учеството на средношколците во процесите на носење одлуки во нивните училишта, за прашања кои се од нивен интерес.

Користејќи ја платформата, училишните служби ќе ги консултираат учениците при носењето на одлуки кои нив ги засегаат и ќе ги известуваат за сите новости од една страна, но од друга страна учениците ќе имаат можност да доставуваат предлози и да пријавуваат проблеми до училишните служби, да доставуваат предлози до училиштето и да започнат петиција по прашања кои се од нивен интерес.

На конференцијата свое обраќање имаат: директорката на Проектот на УСАИД за граѓанско учество г-ѓа Ана Дракиќ, директорот на средното училиште „Георги Димитров“, г. Саша Стоименов, и извршниот директор на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), г. Иван Јованов, кои зборуваат за важноста од постоење на таква платформа, потенцијалот за развој на платформата, како и визијата за платформата за во иднина.

Доделени благодарници за соработка со бизнис заедницата од Делчево

Вклучувањето на бизнис заедницата во работата на училиштето е еден од главните елементи за постигнување подобри резултати на учениците, како и за поотворени и подемократски училишта.

Соработката на нашето училиште со бизнис заедницата на општина Делчево и оваа година продолжува и се продлабочува на повеќе полиња и активности. За таа цел училиштето додели благодарници  за успешна сорботка во острварувањето на планираните активности во училиштето на неколку фирми со кои остварува успешна соработка.

Тоа се фирмите:

·         КРЗНО ДООЕЛ,
·         НЕ-ФИ,
·         ПЕКАРА ЛУНА ГИФ,
·         МУЦИ ТРАНС  ДООЕЛ,
·         ШЕКИ ПРОМ,
·         РОМА ТРАНС ДООЕЛ,
·         БРЕГАЛ ДООЕЛ,
·         СТАМЕНКОВ КОМПАНИ,
·         ИЗВОР КОМИТ.

 

 

На пекарата Луна Гиф покрај благодарницата им беа  поклонети престилки сошиени од учениците од кожарско-текстилната струка.

Еднодневен камп на Голак со учениците од прва година

( ВИДЕО ПРИКАЗНА ЗА НАСТАНОТ)

На 06.09.2018 година како дел од програмата на училиштето  за прв пат се реализира еднодневен камп на планината Голак  со учениците од прва година кој имаше  воспитно-едукативен и забавен карактер. Во настанот зедоа учество  110 ученици, 7 професори, директорот на училиштето, 1 професионален планинарски водич, 1 докторка и 2 полицајци. Целта на овој настан е: учениците од прва година полесно да се адаптираат на новата средина  и преку дружење да се запознаат  меѓу себе, со своите класни раководители и со наставниците; да се запознавање со благодетите што ги нуди планината Голак и природата воопшто; преку културно-забавна програма да се согледаат  постигањата и афинитетите на учениците од повисоките класови кои во целост го реализираа забавниот дел од програмата и проширување на хоризонтите на класичната настава со нешто ново несекојдневно.

Тргнувањето беше организирано во 8 часот од пред училиштето, а во 8:30 учениците пристигнаа до спортските терени на Голак кои се наоѓаа на 1398 м.н.в.

Прва точка од настанот беше планинарски марш   во должина од 5 км. Пред почетокот на маршот  предавање за планинарењето одржа лиценцираниот планинарски водич Љупчо Чучуковски       од Федерацијата на планинарски спорт на Македонија, каде даде упатства и совети  на учениците за безбедно и правилно одвивање на активноста. Тој воедно беше и водич на маршот запознавајќи ги учениците со одредени географски топоними и културно-историски места низ кои што поминуваше маршрутата и им даваше совети на учениците за заштита на природата, исхраната во планина,опремата за планинарење и сл.   Пред тргнувањето сите ученици изведоа неколку вежби за загревање  со професорот  по спорт Димитровски Влатко.   Планинарскиот марш почна од спортските терени  (1398 м.н.в.)  и продолжи кон манастирот Св.Пантелејмон(1508 м.н.в.) и преку врвот Мала Чавка (1512 м.н.в.) кон Бун Чешма(1460 м.н.в.) , Ловечка Куќа(1455 м.н.в.), Шумски пат (1500 м.н.в.) се до Шумска вила (1400 м.н.в.).  Учениците покажаа голем интерес за планинарењето и желба да се вклучат и во други планинарски активности на планинарското друштво Голак  од Делчево.


По завршувањето на маршот и  пристигнувањето во кампот( Шумската вила)  каде беа обезбедени маси и клупи за сите ученици, започна културно-уметничката програма која се соостоеше од повеќе точки.

      

   

За  музиката беа задолжени диџеите  Слободанчо   и Давор,  ученици од IV година под менторство на професорот по музичка уметност Илиовски Слободан.  Тие целиот настан го збогатија со популарна музика, народна музика и македонски ора.

На настанот беше изведен рецитал од ученици од III година каде се рецитираше поезија од македонски поети под менторство на професорот по македонски јазик и литература Соколовка Весна.

Исто така беше  изведена музичка нумера од ученичка  од II година која со нејзината прекрасна изведба ги воодушеви сите присутни.

Од двајца  членови  на играорната  група беше изведено традиционално оро.

 

Група од 4 ученички од III  година цртаат  на тема екологија и направија 4 прекрасни цртежи  инспирирани од планината  и природата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Паралелно со овие настани течеа и спортските натпревари во мал фудбал и кошарка помеѓу класовите од I година.

 

 

Кампот  го посети и градоначалникот на општина Делчево и советникот за образование Новоселски Ванчо  кои ја поздравија идејата за изведување на вакви несекојдневни часови во природа кои излегуваат од рамките на класичната настава и го прошируваат хоризонтот на наставниот процес.

За сите учесници беше обезбеден заеднички ручек кој протече во пријатна атмосфера .

На крајот се поделија благодарници на сите инволвирани страни кои придонесат сето тоа де се реализира беспрекорно, а тоа се: Федерација на планински спорт  на Македонија – чии претставник беше Љупчо Чучуковски, Локалната самоуправа на град Делчево, Македонски шуми – подружница Голак, и претставници од бизнис заедницата на Делчево.
Заминувањето на учениците беше во 15:30 часот. Временските услови тој ден беа идеални (од 15 до 25 степени С)  за изведување на сите планирани активности.

Позитивното искуство од овој настан ќе биде мотивација да се продолжи со такви и слични активности и понатаму.

Професори кои беа дел од кампот: проф. по информатика – Јовевска Мара; проф. по хемија – Ана Среброва Цветковска; проф. по текстилни предмети Сузана Трендафилова; проф. по економија и менаџмент – Илија Лазаревски; проф. по филозофија Благојчо Георгиевски; проф. по споре Влатко Димитровски; проф. по музичка уметност  Слободанчо Илиовски; проф. по македонски јазик и литератута – Весна Соколовска; и директорот на училиштето Пачкоски Љупчо.

 

ЛИНК ОД ИЗЈАВИТЕ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ  НА НАСТАНОТ

ЛИНК ДО ГАЛЕРИЈА СО СЛИКИ ОД НАСТАНОТ

Се одржа семинар на тема „Роботика и дигитални компетенции“ во Струмица

 

Учениците од нашето училиште на 28.05.2018 учествуваа на интерактивен семинар по роботика и дигитална технологија кој се одржа во Струмица. Семинарот беше во организација на Фондацијата „Бугарска Памет“ од Р.Бугарија.
На семинарот покрај учениците од нашето училиште  присуствуваа  и ученици од четирите средни училишта од Струмица: гимназијата „Јане Сандански“, СОУ „Димитар Влахов“, СОУ „Никола Карев“ и ПСУ „Јахја Кемал“. Целта на семинарот беше младите да добијат поголеми познавање од полето на роботиката, вештачката интелегенција, 3Д принтерите и криптовалутите  т.е. со професиите на иднината  и конпетенциите кои ќе им бидат потребни за да бидат конкурентни на пазарот на трудот.

Во првиот дел од семинарот на тема  „Роботиката за подобра иднина“ учениците се запознаа и се дружеа  со хуманоидниот робот од Бугарија НАО,  проследено со презентација за програмирање на  робот. Презентацијата беше спроведена  од страна на Димаи Михнев еден од основачите на Роболига Бугарија кој е познат програмер и развоен инжинер.

 

Потоа беше спроведена интерактивна сесија склопување на робот модели со непосредно учество на учениците учесници на семинарот и турнир во борба на роботи при  што првото место го освои тимот на нашата ученичка Роберта Петровска од 1-2 клас.

 

Вториот дел од семинарот на тема „Што е криптовалута?“ беше спроведена од Бисер Манолев познат стручњак по финансии од Бугарија, кој на многу сликовит и едноставен начин ги запозна учениците со поимите криптовалута и  биткоин.

Пораката од семинарот е дека дигиталните компетенции се клучни за професиите на иднината и  еден од приоритетите  од програмата за трансгранично пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

Галерија од слики од настанот можете да видите ТУКА