Учениците од II -2 клас ,Ива Ивановска и Дамјан Маневски , под менторство на проф.по латински јазик Билјана Ивановска, оваа година ја имаа честа да учествуваат на меѓународен настан во Сремска Митровица наречен ,,Карловачка летна школa на стари јазици и култура,, – Collegium Carolivicanum. Настанот се одвиваше од 15 до 22 август. Благодарение на препознавањето на потребата и неопходноста од зачувување на историската и културната традиција, а сè во функција на збогатување на веќе стекнатото знаење, учениците имаа можност да ја следат целосно наставата на латински јазик, со што го надополнија досегашното знаење и разменија искуства со своите врсници од регионот.Покрај секојдневните часови по латински јазик, Ива и Дамјан посетуваа настава и по кинески јазик, се стекнаа со основни знања за кинеското писмо и структурата на знаците. Часовите се одржуваа на латински јазик, така што класичната кинеска мисла ја изразуваа на латински и ја воочуваа разликата во морфологијата и синтаксата на двата јазика. Курсот по кинески на латински го водеше др Вукашин Миљкович (The Paideia Institute, Њујорк). Учениците секојдневно следеа вечерни предавања за стари јазици и култури. Вечерни предавања имаа од професор од Оделението за класична наука на Филозофскиот факултет во Белград, др Ил Акад и др Орсат Лигорио кои се потрудија да им го доближат староанглискиот јазик, санскрит, готски. Ги посетија музејот Лапидариум, каде покрај предавањата имаа и практични вежби. Исто така ја посетија и Царската Палата. На 20.08 учениците преку интерактивен квиз ги измерија своите знаења по латински јазик и врз основа на покажаното знаење се стекнаа со пригодни награди. Следниот ден на свечен настан пред публика ги покажаа своите вештини и знаења стекнати на часовите по античка музика и античка драма.