Oдбележан Европскиот ден за Натура 2000

На 21.05.2019 година во   “Едукативниот центар за зачувување на природата” с.Негрево (Пехчево), 5 ученици од нашето училиште, заедно со ученици од Берово и Пехчево  зедоа учество во одбележувањет на Европскиот ден на Натура 2000.

Европскиот ден на  Натура 2000 е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Фармахем, Македонско еколошко друштво и Центарот за развој на источниот плански регион, како партнери на Програмата за зачувување на природата – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Во рамките на настанот, учениците изработуваа 3 тематски живеалишта кои се дел од биодиверзитетот на брегалничкото сливно подрачје, преку што се запознаа со значењето и потребата за нивна заштита.
Првото живеалиште претставуваше бара со растителниот и животинскиот свет во неа.

Второто живеалиште беше пештера во која престојува мечка.

И третото живеалиште беше камењар во кои живеат влечуги (змии, гуштери, желки и др.)

Овој настан учениците го искористија да го  разгледаат едукативниот центар кој изобилува со многу информации, слики и експонати на живиот свет од овој регион.

 

Преку презентации, професорите и наставниците од средните и основните училишта, како и претставниците на клучните заинтересирани страни беа запознати со процесот на воспоставување на Натура 2000 подрачја.

Исто така беа запознати и со целите и активностите на Натура 2000 како мрежа на Европската Унија за заштита на природата, која пред се има за цел да обезбеди зачувување на природните вредности од аспект на живеалишта, односно преку соодветна заштита на типовите на живеалишта да се обезбеди заштита и на севкупниот жив свет кој егзистира во нив.

На крајот настанот заврши со  природен коктел подготвен од хотел „Гогов“ на кој беше презентирана   вкусната малешевска храна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *