Денеска 07.03.2022 се одржа состанок на Училишната заедница при СОУ ,,М.М- Брицо”, на којшто присуствуваа и членови од младинскиот совет при Општина Делчево. Голема благодарност до вас млади, успешни и потенцијални лидери што нè удостоивте со вашето присуство. Во рамки на состанокот се разгледуваа програмите на двете младински организации, чии точки ги вкрстија активностите и интересите од двете страни. Се надеваме на понатамошна соработка и реализација на заеднички активности.