Гимназијата ,,М.М-Брицо” Делчево ја отпочна реализацијата на проектот ,,Чекор по чекор – за професионален развој”

СОУ „Методи Митевски- Брицо“- Делчево ја отпочна реализацијата на проектот Чекор по чекор – за професионален развој!

Во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ќе се реализира проект од клучна акција 1- КА122-ВЕТ- Краткорочни проекти за мобилност на ученици и вработени/кадар во полето на стручно образование и обука.

Главни цели  на проектот се: зголемување на стручните знаења и вештини на учениците од текстилно-кожарската и хемиско-технолошката струка, поттикнување на нивната желба за учење и професионален развој во областа на производството, адаптација на наставната програма во текстилно-кожарската и хемиско-технолошката струка во поглед на новите тенденции во областа на технологиите, воспоставување на одржливи партнерства со докажани странски компании на меѓународниот пазар и реализирани придобивки за локалната заедница.

Организирани се две мобилности. Секоја од двете мобилности беше во времетраење од 2 седмици во Република Бугарија и тоа 8 ученици кои ја изучуваат хемиско-технолошката струка и  1 придружен  професор и 8 ученици и 1 придружен  професор од текстилно-кожарската струка.