На државниот натпревар по Географија, одржан денес на Природно – математичкиот факултет во Скопје, нашите ученици постигнаа резултати со кои сите се гордееме.
Од III година, ученичката Ива Цонева, го освои ВТОРОТО место.
Со добри резултати се претставија и учениците: Јана Попова и Сара Петровска од III година, Анастасија Петровска и Огнен Малешевски од II година и Александар Стојмирски, Марија Цоневска и Валерија Миладинова од I година.
Честитки за учениците и менторот, проф. Анета Николова ! Продолжете по патот на успехот !