И најдолгиот пат започнува со првиот чекор!

Денес е празник на училиштето, заедница на квалитетот, на креативноста, на слободниот ум и на новите идеи, на генерациите и на поединците кои денес се културни и научни амбасадори на нашата држава. 

Празник на младоста, на радоста, на заедничките спомени.

60 години спомени. 60 години постоење, едукација, воспитување.

60 години спој на генерации. 60 години мисија на знаење, квалитет, автентичност, оригиналност.

И за крај едно емотивно видео кое ќе ни ги разнежни срцата, ќе не потсети на училишниот амбиент исполнет со џагорот и позитивната енергија на учениците, училишното ѕвоно и мудриот глас на професорите.