Конкурс за запишување ученици во СОУ„Методи Митевски – Брицо“- Делчево за учебната 2021/2022 година

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија, објавен од Министерството за образование, училишната комисија на СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево за запишување на ученици во учебната 2021/2021 година , го објави следниот:

КОНКУРС

 за упис на ученици во прва година за учебната 2021/2022 година

I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ

Во I- ва година ќе се запишат вкупно 195 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за

1.Гимназиско образование

  • 136 ученици, 4 паралелки, 60 поени минимум

– природно – математичко подрачје (комбинација А),

– природно – математичко подрачје (комбинација Б),

– општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А),

– општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б),

– јазично – уметничко подрачје (комбинација А),

– јазично – уметничко подрачје (комбинација Б).

2.Текстилно кожарска струка/ Текстил, кожа и слични производи

  • 34 ученици, 1 паралелка
  • образовен профил Техничар за изработка на облеката/ техничар за моделирање на облеката, 45 поени минимум

3.Хемиско-технолошка струка/ Хемија и технологија

  • 25 ученици, 1 паралелка
  • образовен профил Прехранбен техничар, 45 поени минимум

*соработка со компанијата Рудине ММ ДООЕЛ Скопје Забелешка : за ученик кој ќе се запише во хемиско-технолошката струка, практичното образование ќе биде со зголемен број на часови поминати во компанијата Рудине ММ ДООЕЛ Скопје, работна единица Делчево

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците ги поднесат следните документи:

– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);

– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;

– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

III. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Прво пријавување и запишување

Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на

14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот,

15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот

17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

 Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Второ пријавување и запишување

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на

23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00  часот до 19:00 часот

25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Трето пријавување и запишување

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на

30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.

Интерен оглас СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчевo

Брошура за идните ученици