НАШИ УСПЕСИ

Награди за учениците од ММБрицо на државниот натпревар по биологија

На одржаниот државен натпревар по биологија и оваа година учениците од нашето училиште постигнаа  висок успех.  Освоени се следните награди:

  1. Верица Ѓеоргиева II година    освои  I награда   под менторство на проф. Марина Синадиновски,
  2. Милена Начовска I година освои III награда под менторство на проф. Милица Георгиева,
  3. Елеонора Трајанова I година   освои III награда под менторство на проф. Милица Георгиева,
  4. Марија Николовска IV година доби пофалница под менторство на проф. Марина Синадиновски,

Честитки и за учениците и за менторите и следната година со уште поголеми успеси.

Комплетните резултати од натпреварите по биологија можете да ги видите тука.


Успеси на спортистите од СОУ „М.М.Брицо“ на ГИМНАЗИЈАДА – ТЕТОВО 2018

Во рамките на оваа Гимназијада учество зема и  нашето училиште со 2 екипи:

  1. Ракомет-машки      под менторство на проф. Јанев Тони
  2. Ракомет – женски под менторство на проф. Велковски Ванчо

при што ги постигнаа следните резултати:

резултати :  Ракомет- машки   3 место

резултати :  Ракомет- женски  4 место


 

 

Второ место за Стефан и Иван

 

На 24.03.2018 година  во Благоевград во Р.Бугарија се одржа десетиот национален натпревар по информатички технологии. На натпреварот зедоа учество учениците: Димитровски Стефан  од 3 година и Даневски Иван од 4 година  во категоријата изработка на веб сајт, и го освоија II  место под менторство на Валентина Анастасова. Ако сакате да го видите наградениот веб сајт кликнете ОВДЕ.


 

Најдобра веб страна на училиште  во Македонија на Образовното рандеву 2018

Во  категоријата Најдобра веб страна учениците: Галабовски Христијан и Стојанов Кирил под менторство на професорот по информатика Јовевска Мара го освоија првото место.


Второ место за Најдобар штанд  на Образовното рандеву 2018

Во категоријата Најдобар штанд тимот на ученици од прехрамбената струка, под менторство на професорот Атанасовска Јадранка го освоија второто место.


Успех на модната ревија на Образовното рандеву 2018

Модната ревија организирана од учениците и нивните ментори  од нашето училиште го освоија 12 -то место од вкупно 23 учесници.


 Прво место на натпреварот за   „Сообраќајно техничка култура на младите“

 

Учениците Александар Пецовски , Антонио Петрески  и Филип Миленковски под менторство на проф. Ивановска Билјана го освоија првото место на државниот натпревар за  „Сообраќајно техничка култура на младите“.

 

 

 

 

 

 

 


Успешно учество на Макдонска олимпијада  по математика

 

 

 

Иван Даневски-IVгод под менторство на проф. Постоловска Весна имаше успешно учество на државниот натпревар по математика каде се пласираше  и учествуваше на Македонската олимпијада по математика.

 

 

 


Републички натпревар во Протипожарна заштита

На републичкиот натпревар во ППЗ учениците

  1. Николовска Тамара
  2. Иванова Ана
    3. Атанасовски Александар

под менторство на проф. Стојановски Димитар го освоија IV место.


Податоци за сите учества на натпреварите во 2017-2018 година може да ги погледните ТУКА.


Учество на  семинар на тема „Роботика и дигитални компетенции“ во Струмица

Учениците од нашето училиште на 28.05.2018 учествуваа на интерактивен семинар по роботика и дигитална технологија кој се одржа во Струмица. Семинарот беше во организација на Фондацијата „Бугарска Памет“ од Р.Бугарија.

 

Во првиот дел од семинарот на тема  „Роботиката за подобра иднина“ учениците се запознаа и се дружеа  со хуманоидниот робот од Бугарија НАО.

Потоа беше спроведена интерактивна сесија склопување на робот модели со непосредно учество на учениците учесници на семинарот и турнир во борба на роботи.

Вториот дел од семинарот на тема „Што е криптовалута?“ беше спроведена од Бисер Манолев познат стручњак по финансии од Бугарија, кој на многу сликовит и едноставен начин ги запозна учениците со поимите криптовалута и  биткоин.

Посета на македонскиот Парламент

Четириесет ученици од Делчево на 02.02.2018 година се сретнаа со претседателот на македонското Собрание, Талал Џафери и остварија средба со пратеници од македонскиот парламент. Посетата е во рамките на наставните предмети за граѓанско образование и етика која има за цел запознавање на учениците со работата на македонското Собрание како највисоко законодавно тело во земјава, градење чувство на одговорност и сопствен придонес во општеството и сите негови вредности.


Реализирана е  програмата „Младински локални иницијативи“ во Делчево

Група од 10 ученици од СОУ „М.М.Брицо“ ја следат програмата за локален активизам „Младински локални иницијативи“ реализирана од здружението „Младите можат“. Целта на проектот е да ги мотивира младите да учествуваат во остварувањето позитивни промени заедно со локалната власт, промоција на младинскиот активизам како и стекнување на вештини за личен и професионален развој.

Работилница на тема „Дебата“

Во склоп на работните задачи, деновите  се одржа работилница од страна на училишниот социолог –  Илиевска Наташа на тема „ Дебата – оспособување на учениците за дебатирање“.  Работилницата беше реализирана во 3 работни денови со вкупно 6 часа. Учество зедоа 13 ученици. Првиот ден се реализираше обуката за дебатирање, вториот ден учениците се подготвуваат за дебата а третиот ден дебатираа на теми по нивен избор. Работилницата имаше и натпреварувачки карактер па победничкиот тим доби скромни награди. Во иднина се планираат и други слични работилници во кои ќе бидат вклучени повеќе ученици.