Новогодишен проект во Дневниот центар

Овој проект се состои од активности во кои учествуваа неколку ученици од СОУ “Методи Митевски – Брицо” – Делчево. Со проектот беа предвидени работилници за новогодишни честитки за деца со посебни потреби во Дневниот центар – Делчево.  Учениците работеа заедно со децата во процесот на изработка на наовогодични честитки од рециклирана хартија. На крајот од овој проект беа поделени и новогодишни пакетчиња. Сите ученици што учествуваа во активностите донираа облека или храна во Црвениот крст – Делчево.