СОУ „Методи Митевски – Брицо“ Делчево
Денес во рамките на училиштето функционираат гимназиско и стручно образование.
Во гимназиското образование се застапени следните подрачја:
- ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација А,
- ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација Б,
- ЈАЗИЧНО-УМЕТНИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација А,
- ОПШТЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација А,
- ОПШТЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО ПОДРАЧЈЕ – Комбинација Б,
Во стручното образование се застапени следните струки:
- ТЕКСТИЛНО КОЖАРСКА СТРУКА – Образовен профил: КОНФЕКЦИСКИ ТЕХНИЧАР
- ХЕМИСКО ТЕХНОЛОШКА СТРУКА – Образовен профил: ПРЕХРАНБЕН ТЕХНИЧАР
Нашето училиште е воспитно образовна институција со воспоставен систем на демократски вредности што се рефлектираат преку здрава, безбедна, дисциплинирана и стимулативна средина за учење во која се негува современа актуелна училишна култура и овозможува градење на младите луѓе во интелектуално емотивно социјално морално зрели личности достојни за почит во општеството.
Главните цели на училиштето се учениците да се здобијат со трајни и употребливи знаења, со креативни и практични вештини овозможувајќи им своите интереси и способности да ги применат во сите области на работата и животот.