Наставен план за гимназиско образование
Наставниот план во гимназиското образование е структуриран од четири организациско - содржински компоненти: задолжителни предмети, изборни предмети, задолжителни изборни предмети и проектни активности.
Вкупниот годишен фонд на часови во гимназиското образование е следниот:
- во I година 31 (33) часа;
- во II година 33 (35) часа;
- во III година 31-32 (33-34) часа;
- во IV година 29 (31) часа.
Задолжителни предмети
Задолжителните предмети го сочинuваат заедничкото програмско јадро и тие се заеднички и задолжителни за сите ученици во гимназиско образование. Тие се претпоставка за обезбедување на општообразовен стандард кој овозможува хоризонтална и вертикална проодност на учениците. Тоа во основа се поголемиот дел од наставните предмети кои во континуитет продолжуваат од основното образование. Програмите за овие наставни предмети ги изготвува Бирото за развој на образобанието во соработка со соодветните факултети и наставници од училиштата, а ги донесува министерството за образование и наука .
Изборни предмети
Изборните предмети се групирани во три изборни подрачја: Природно-математичко, jазично-уметничко ioпштествено-хуманистичко Ваквата глобална групираност донекаде соодвестува на групираноста на науките во високото образование,а претставува и прегледно групирање на програмските содржини врз основа на што ке се определуваат учениците. Училиштата се должни да обезбедат услови за реализација на воспитно-образовна работа во најмалку две изборни подрачја. Изборните предмети имаат функција за продлабочување и проширување на знаењата на учениците.
Изборноста е застапена преку наставни предмети кои се јавуваат под ист назив како дел од задолжителните предмети и преку наставни предмети под различни називи од називите на задолжителните предмети кои претставуваат делови или изводи од научните дисциплини. Во прва година не постојат изборни премети.Тоа значи дека прва година е иста и заедничка за сите ученици во гимназиското образование. Во втора година ученикот од листата на изборните предмети(од најмалку три предложени од страна на училиштето предемти)избира еден предмет. Бројот на часовите за изборните предмети постапно се зголемува од 2 во втора до 9 часа во четврта година.
Листа на изборни предмети во втора година
1.Информатичка технологија
2.Класични јазици(старогрчки или латински) 3.Елементарна алгебра 4.Елеметарна геометрија 5.Говорење и пишување 6.Етика |
2 часа
2 часа 2 часа 2 часа 2 часа 2 часа |
Училиштето ги запознава учениците со листата на изборните предмети во текот на првaта година , а ученикот се определува за еден предемет од листата најдоцна до крајот на првата наставна година.Бројот на учениците за кои може да се организира настава за оделен избран изборен предмет изнесува најмалку 17.
За секое изборно подрачје во трета и четврта година се утврдени листа на изборни предмети.Секое изборно подрачје содржи комбинации на изборни предмети. Комбинациите на изборните предмти се утврдени врз основа на логичките ии функционалните односи помеѓу сродните научни дисциплини.Со овие комбинации на секоја ученик му се дава можност да се развива во оној правец во кој ѓи покажува и изразува своите желби,интереси,способности како и да се информира и подготви за соодветни студии. Училиштето е должно да ги информира учениците за можните комбинации на изборни предемти во текот на втората година на школувањето,а ученикот треба да се определи за една комбинација на изборни предмети на крајот на втората наставна година.
По определување за одредена комбинација на избoрни предмети,секој предмет од таа комбинација за ученикот станува задолжителен и влијае брз неговиот општ успех и правото за напредување. Најмалиот број на ученици за кои може да се организира настава за една изборна комбинација изнесува 17 ученици или половина од дозволениот број на ученици во една паралелка. За секоја комбинација на изборни предмети со посебни-изведбени наставни планови се дефинираат бројот,називот,распоредот и фондот на часовите на изборните предмети по години.
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ
Комбинација А
Листа на изборни предмети III година IV година
- Линеарна алгебра и аналитичка геометрија - 2 часа;
- Алгебра - 2 часа;
- Програмски јазици - 2 часа;
- Физика - 3 часа;
- Математичка анализа - 3 часа;
- Програмски јазици - 3 часа.
Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Електротехнички, Градежен, Архитектонски, Машински и Природно-математички факултет (информатика, математика и физика.)
Комбинација Б
Листа на изборни предмети III година IV година
- Физика - 3 часа
2. Хемија - 3 часа
3. Биологија - 3 часа
4. Програмски јазици - 2 часа
5. Географија - 2 часа
6. Латински јазик - 2 часа
Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Медицински, Земјоделски, Ветеринарен, Технолошки и Природно-математички факултет (хемија, биологија, физика и географија).
ЈАЗИЧНО-УМЕТНИЧКО ПОДРАЧЈЕ
Комбинација А
Листа на изборни предмети III година IV година
- Трет странски јазик (италијански, шпански, руски, француски, гемански, англиски) - 3 часа
2. Класични јазици (старогрчки, латински) - 2 часа
3. Педагогија - 2 часа
4. Психологија - 2часа
5. Компаративна книжевност - 2 часа
Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Филозофски и Филолошки факултет и на педагошките факултети.
Комбинација Б
Листа на изборни предмети III година IV година
- Ликовна уметност - 2 часа
2. Музичка уметност - 2 часа
3. Драмска уметност - 3 часа
4. Педагогија - 2 часа
5. Психологија - 2 часа
Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Факултетот за драмски уметности, Филозофски факултет, Факултетот за ликовна и за музичка уметност.
ОПШТЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО ПОДРАЧЈЕ
Комбинација А
Листа на изборни предмети III година IV година
- Економија - 3 часа
2. Вовед во правото - 2 часа
3. Менаџмент - 2 часа
4. Логика - 2 часа
5. Социологија - 2 часа
6. Историја - 2 часа
7. Латински јазик - 2 часа
Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Економски, Правен, Филозофски и Филолошки факултет.
Комбинација Б
Листа на изборни предмети III година IV година
- Социологија 2 часа
2. Филозофија - 2 часа
3. Историја - 2 часа
4. Психологија - 2 часа
5. Педагогија - 2 часа
6. Етика - 2 часа
Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Филозофски факултет и на педагошките факултети.