Празникот на жената

Меѓународниот ден на жената -8ми Март, денес беше свечено одбележан во нашето училиште со организирање на хуманитарен базар од страна на учениците од Училишна заедница,Ликовниот клуб и учениците од текстилно-кожарската струка.Своја изведба имаше Хорот и оркестарот од училиштето, а со читање на поетски и прозни изработки од ученичката Сара Ангелова, наградени на литературниот конкурс организиран по повод 8ми Март, а во нејзино отсуство презентирани од ученичките Магдалена Ѓеоргиевска и Ина Мишева.Среќен празник на сите припаднички од понежниот пол💐🌷🌹🪷🌺