Промоција на безбедна училишна средина

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ нашето училиште втора година по ред е вклучено во активностите на проектот.

Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската Фондација Песталоци  го спроведува проектот во периодот септември 2023 – август 2026 година.

Проектот ќе се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат и Министерството за труд и социјална политика

Цел на проектот: „Придонес кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина“.

По тој повод, на 02 декември беше одржана работилница / обука на 10 ученици како би се подготвиле за улогата на врснички едукатори ,кои до крајот на годината ќе треба да спроведат работилница каде тие ќе треба да едуцираат дополнителни 40 ученици од нашето училиште.

Истиот ден беше одржана и работилница со 10 родители на ученици од нашето училиште ,со цел нивно вклучување во превенција од насилство и промовирање на сеопфатен пристап за градење на безбедна училишна средина.

Овие средби беа спроведени од страна на стручниот тим од нашето училиште, проф.Весна Димитровска, проф.Желеанка Демирова, социолог Наташа Колевска-Јанковска и педагог Емануела ,со поддршка на проектниот тим на МЕЃАШИ.

До крајот на годинава и наредната година продолжуваме со нови работилници.