Светски ден на првата помош

Светскиот ден на прва помош е можност за промовирање и застапување за знаење и вештини за прва помош за пошироката јавност. Оваа година истиот го одбележуваме во нашто училиште во соработка со ОО на Црвен Крст Делчево,  со акцент на афирмација на оваа животоспасувачка вештина меѓу младите, а  со цел подигнување на јавната свест за пружање на прва помош и спасување на животи во секојдневни и кризни ситуации, како и промовирање и застапување на заложбите за поседување на знаење и вештини за укажување на првата помош кај пошироката јавност.

Светскиот ден на првата помош се одбележува ширум светот секоја година во втората сабота во месец септември. Првата помош не секогаш е укажана од медицински лица, бидејќи во секојдневните несреќи и вонредни ситуации обичните луѓе често се принудени да укажат прва помош за да спасат нечиј живот. Вештините за укажување на прва помош треба да бидат достапни за сите како хуманитарен чин кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнувањето предизвикани од ненадејни повреди или болест. На работилницата волонтери од Црвен Крст од Делчево кои исто така се и наши ученици ,покажаа практични вежби за давање на прва помош пред учениците од прва и втора година.

Поседувањето вештини за прва помош го зголемува капацитетот на поединецот да преземе брза акција за да ги намали или стабилизира сериозните повреди и да ги подобри шансите за преживување на жртвата.