Организираната воспитно-образовна работа на учениците и на наставниците не би била целосна и успешна доколку не постои соработка на релацијата наставници–родители. Во рамките на оваа соработка, мошне успешно работи и Советот на родителите, кој најнепосредно и редовно се информира за сè што се случува во училиштето. Мислењето и ставовите на претставниците во Советот на родителите, како и нивните забелешки и сугестии, овозможуваат да се создадат подобри услови за живот и работа во училиштето.
Членови на Советот на родители се по двајца претставници од секоја учебна година кои се избираат на состаноците на Одбори на родители по години. За 2017/18 учебна година, тоа се следните родители:
С П И С О К
На преставници во Советот на родители на училиштето учеб.2017/2018 год.
Р.бр. | Име и Презиме | Клас | мобилен | Забелешка |
1 | Влатко Даневски | IV | 071245006 |
|
2 | Тони Ивановски | III | 070774621 |
|
3 | Валентина Даневска | III | 07824709 |
|
4 | Златан Величков | 078436232 |
|
|
5 | Снежана Ѓорѓиевска | 072256833 |
|
|
6 | Дејан Орлов | II | 077736818 |
|
7 | Сања Михаилова | 071882828 |
|
|
8 | Ванчо Велевски | 071373167 |
|
На одржаните седници во текот на учебната година, се разгледуваат тековни работи потребни за функционирањето на училиштето, и тоа:
- Годишниот извештај за работењето на училиштето во предходна учебна година;
- Годишна програма за работата на Училиштето за тековна учебна година;
- Се кооптираат на нови членови во Советот на родителите од I година;
- Се избира на претседател на Советот на родителите;
- Се разгледуваат и одобруваат програмите за реализација на екскурзии за учениците;
- Се разгледува и анализира успехот на учениците во текот на класификационите периоди во учебната година и се прави споредбена анализа со минатите учебни години (прво тримесечје, полугодие, трето тримесечје и крај на учебна година);
- Се даваат предлог-мерки за надминување на констатирани слабости во успехот и редовноста на учениците;
- Се даваат информација и се даваат одобрувања за хуманитарни активности во училиштето.
- Се даваат информации за активности на училиштето за полагање државна матура.
Советот на родителите е вклучен и во работата на повеќето комисии во училиштето. Работата на Советот на родителите ја организира педагогот на училиштето во соработка со директорот на училиштето.
СОУ „ММ-Брицо„-Делчево
Д Е Л Ч Е В О