Средното општинско училиште ,,Методи Митевски – Брицо” го потпиша договорот од проектот за Суперучилишта

СОУ Методи Митевски – Брицо е повторно СУПЕРУЧИЛИШТЕ во програмата на долгорочно партнерство. Проектот Don’t Give Up, Gift Up продолжува со имплементација под покровителство на Regional Youth Cooperation Office – RYCO. Преку долгорочно партнерство, нашата соработка и размена на ученици со училиштето Srednja Strucna Skola, Pirot, ќе донесе многу нови возбудливи активности во наредниот период. Проектот започна со потпишување на договор, од страна на Директорката Дијана Цонева во придружба на координаторот на проектот, а присутни гости на настанот беа евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир и заменик-амбасадорот на Германија Ото Граф, државниот советник на Министерството за Образование и Наука, Ѓонул Бајрактар, директорот на Агенцијата за Млади и Спорт Наумче Мојсовски, Програм менаџерот на СуперУчилшта, Ивана Антонијевиќ и Владимир Ѓорѓиевски, директор на подрачната канцеларија на RYCO.