Среќна и успешна нова учебна година!

Почитувани ученици, родители, наставници

Ви упатувам честитки по повод започнувањето на новата учебна 2021/2022 година со искрени желби во неа да тргнете со насмевка, обновена енергија и оптимизам.

Посебно добредојде упатувам на учениците од прва година бидејќи со ова започнува важен дел од нивното образование. Знаењето и образованието се најважни за нивната среќна иднина.

Почитувани наставници. Ја имате една од најубавите, најблагодарните но и најодговорните улоги во животот. Уверен сум дека ќе направите се, како што правевте и досега за да на нашите ученици пред кои е новата учебна година им го направите училиштето место за учење и радост.

А со Вас почитувани родители, ја делам среќата и гордоста која ја чувствувате на овој ден.

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на Протоколот за постапување на средните училишта во Република Северна Mакедонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година

• Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте безбедно растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.

• Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи,

• Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.

Ви посакувам на сите среќна и успешна учебна година!

Со почит, Љупчо Прачкоски

Директор на  СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево.

Ви благодариме што ги почитувате мерките, затоа што ако се штитите себеси, ги штитите и другите. Останете во добро здравје!